Thursday, 09 September 2010 13:38 Мода & Убавина

На пазарот за козметика денес постои се. Се поправаат брчките, се бришат подочниците, се продолжуваат трепките. Кармините се се поотпорни, посјајни и поубави. Во потрага по нешто ново и атрактивно, Белгијците смислиле чоколаден кармин...

Црвените усни привлекуваат доста внимание, кога ќе влезете во продавницата за слатки на Доминик Персон. Тој е угледен произведувач на чоколадо, иако и самиот е обожавател на вкусниот "еликсир на убавината". Така тој дошол до идеја да произведе чоколаден кармин за усни. Не е тешко да се претпостави кои се главните состојки на овој кармин. Кога ќе го ставите ќе имате чувство како да сте мало дете кога сте изеле чоколаден сладолед или, како што вели Доминик, кога ја бакнувате вашата сакана личност.



Доминик Персон својата креативност ја здружил со Давид ван Туренхоут. Тие заедно создаваат накит од чоколадо. Необичен бизнис концепт, но и голем предизвик за љубителите на чоколадо и наките, пренесува Дојче Веле.

Сиот накит кој овде може да се види е премачкан со чоколадо и има посебна топлотна заштита, што е многу важно, ако се зема во предвид дека накитот може да се стопи.



Накитот кој е очигледно "убав и вкусен" може да се носи на температура под 25 степени целзиусеви.

Девид ван Туренхоут ги декорира парчињата "чоколаден накит" со дијаманти. За оваа декорација не е потребно многу време, но секако потребни се доста пари.

"Се зависи од дијамантите", вели Давит ван Туренхоут, па така приверзок со сребрена основа и "чоколаден" дијамант чини околу 4000 евра.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...