Friday, 18 January 2013 16:36 Мода & Убавина

Серијата „Дневниците на Кери“ почна да се емитува на 14 јануари на мрежата CW. Во чест на тоа, преку Facebook апликација можете да направите персонализирана торба каква што носи тинејџерката Кери.

Телевизиската серија која зборува за созревањето на Кери Бредшо, завршувањето на средното училиште и доаѓањето во Њујорк премиерно беше емитувана на Стара Нова година, а младата актерка Ана Софија Роб веќе е прогласена за модна икона. Американските медиуми наголемо зборуваат дека со новата серија CW, кои стојат за Gossip Girl, стилот на осумдесетите повторно ќе го вратат во ударен термин на малите екрани.

Костимографот на тинејџерската драма „Дневниците на Кери“, Ерик Демјан, инаку асистент на Патриша Филд во одделни епизоди на „Сексот и градот“, истакна дека сакал гардеробата на Кери во серијата да биде таква што секој да може да пронајде такви парчиња во својот ормар или да ги сошие. Идејата на костимографот била да ја поттикне секоја девојка да има единствен моден стил.

Додека со душа чекаме да ги видиме идните модни комбинации на Кери Бредшо, бројни девојки ширум светот можат со Facebook апликација да си направат своја Кери торба. Црната торба, по свој избор, можете да ја ишарате со лакови за нокти во разни бои, а и да го испишете своето име. Можеби сето ова ви изгледа чудно, но кога серијата ќе стане популарна, ќе имате шанса да видите нешто слично што ќе го направи и Кери при доаѓањето во Њујорк.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...