Wednesday, 16 January 2013 16:30 Мода & Убавина

Кралицата на бурлеската многу добро знае да направи пари од својата популарност и од активности кои не и се првично занимање, па овој пат претстави нова иновативна гардероба за вистински дами.

Колекцијата опфаќа десет фустани со различен моден стил и израз - од тесни и шарени, до елегантни и вечерни фустани. Можеби веднаш помисливте дека линијата фустани на Дита Фон Тис е преполна со чипки и длабоки деколтеа, но - не е.

Фустаните се сведени и можат да се носат во секојдневни прилики, посебно на работа. Тоа што новата линија на Дита Фон Тис ја прави поинаква е тоа што ќе се продава со QR кодови, кои се наоѓаат на внатрешниот дел од секој фустан.

Со скенирање на квадратастите кодови ќе можете да стапите во контакт директно со уметничката и тоа преку нејзиниот личен Twitter профил, кој самата го води. Како уметничка и дизајнерка, таа вели дека директната комуникација со фановите многу и помогнала во кариерата и дека таа на овој начин настојува да остане со своите фанови во постојан контакт.

Секоја дама која ќе постави било какво прашање за нејзините фустани ќе добие одговор, затоа што Дита смета дека нема подобро вложување, од вложувањето во нејзините фанови. Им благодари на нив!

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...