Tuesday, 25 September 2012 16:15 Мода & Убавина

Компанијата Victoria's Secret била приморана да ја повлече од продажба својата нова колекција на долна облека поради обвинувања за расизам...

Имено, брендот својата нова колекција Go East ја повлекол од онлајн продавање, затоа што еден артикл, поточно комбинезон, наречен „Мала, секси гејша“ (Sexy Little Geisha) предизвикал лавина од негативни коментари, а компанијата ја обвиниле за „навреда и расизам“.

Комбинезонот со кој доаѓа и ремен, потсетува на ременот на традиционалните јапонски носии, опишaн е како „ваша карта за егзотично патување на исток од страна на произведувачот на долната облека“, се вели во критиката.

Одговорните од Victoria's Secret се уште се немаат официјално огласено во врска со овие обвинувања, но нивното соопштение се очекува. Во меѓувреме, сите корисници кои сакаат да ја видат новата, спорна колекција, се преусмерени на почетната страница на сајтот.

Спорниот модел во кампањата го рекламира манекенката Кендис Свонпул, што критичарите исто така го нарекоа „проблематичен обид да се прибегне кон автентичноста на азијската култура и да им се стори прифатлив на оние кои имаат фетиш за азијски жени“.

„Брендот со правење на оваа колекција ја потврди тезата која е присутна веќе подолго време во јавноста, а тоа е дека азијската култура и азијските жени се сексуални објекти кои можат да се модификуваат според потребите на западот“, се додава во соопштението.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...