Friday, 10 August 2012 16:35 Мода & Убавина

Фустани кои се толку впечатливи што влегле и во модната историја...

Модниот уредник на магазинот “InStyle”, Хал Рубенштајн, сите овие фустани ги сместил во книгата "100 Unforgettable Dresses". Тука влегле фустани кои и по десетина година од нивното појавување во јавноста се уште се карактеризираат со иновативност и креативност.

Холивудските филмови се непресушен извор, па така на листата место си најде и впечатливиот црвен фустан кој Џулија Робертс го носеше во филмот “Pretty Women”, со потпис на Мерилин Венс-Стракер.

Патувајќи назад во историјата го среќаваме легендарниот фустан во кој Мерилин Монро во 1962 година му пееше “Среќен роденден” на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди. Фустанот изгледал волшебно на телото на Мерилин, а го дизајнирал Жан Луис. На себе имал мрежа од 2.500 кристали и сјајни топчиња, па изгледало како Мерилин да носи само светки. Уште еден незаборавен фустан кој го носела Мерилин е оној од филмот "Seven year itch".

Грејс Кели неколку пати се нашла на листата, но најмногу освои со нежниот црн коктел фустан кој го носеше во филмот на Алфред Хичкок “Rear Window”.

Една од иконите на стилот, Одри Хепберн, благодарение на дизајнерите Живанши, Сесил Батон и Пако Рабан своевремено ги носеше најубавите фустани.

Кралската венчавка ја смести и Кејт Мидлтон заедно со нејзината чипкана венчаница во првите сто. Венчаницата изработена од модната куќа Александар Меквин стана хит меѓу невестите ширум светот.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...