ТОП ВИДЕО |
Thursday, 19 July 2012 14:40
Мода & Убавина
Костимот за капење во јаки и неонски бои е апсолутен хит за ова лето но ако сакате да внесете малку возбуда во својата гардероба за летување и да го привлечете вниманието на љубоморните погледи на девојките од плажа ви ги препорачуваме костимите кои раскажуваат приказана...
Се работи за принт на градови како што се Њујорк, Бразил или Мајами, мотиви од соништата како плажи и пустини, или пак принотови со мачки и славни личности. Па така ви советуваме ова лето да одберете костим за капење кој ќе ја претстави вашата личност и соништа. Иако костимите за капење со принт не се некоја голема новост, ги актуализираше австралискиот бренд "We are handsome" кој во својата колекција нуди најневеројани костими за капење во кои уживаат и голем број познати девојки како што се Дајан Кругер, Тајра Бенкс и Ријана која во својот ормар ги има околу десетина. Цените на брендот "We are handsome" се прилично високи, но слични можете да набавите и преку еBay, а единствено треба да внимавате како ќе изгледа вашето тело во шарен костим за капење. Шарените костими можат визуелно да додадат некој килограм повеќе па затоа бирајте ги оние кои ќе и одговараа на вашата фигура. Со ваков посебен костим за капење не ви се потребни никакви посебни додатоци па затоа можете да се одлучите за еднобојни апостолки, шешир и класични очила за сонце. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|