ВИЦ
Што е разликата помеѓу Црногорец и магла? - Маглата се крева наутро, а Црногорецот поручек! ТОП ВИДЕО |
Tuesday, 19 June 2012 15:13
Мода & Убавина
Сигурно веќе знаете каков костим за капење ќе носите ова лето, но тука се и туниките, марамите, фустаните како совршени додатоци со кои можете да ги прикриете недостатоците...
Долги фустани Тие секогаш се вистински хит. Покрај тоа што можете да ги облечете кога одите на кафе или во ноќен живот, оние од природен материјал, како памук и лен се совршен моден детаљ за на плажа. Совршено ќе се вклопат со вашиот костим за капење, а вие слободно играјте си со боите и шарите.
Кратка туника Вистински погодок за на плажа. Било да е со долги или кратки ракави во неа ќе изгледате атрактивно и секси. Проѕирните материјали се совршен избор, со нив ќе ги прикриете вашите недостатоци.
Мини комбинезон Кратките комбинезонки се идеални за летните жештини и за прикривање на стомачето, а ова лето се и голем хит. Облечете ги преку костимот за капење и уживајте во оваа едноставна, но секси комбинација за на плажа. Ако обожавате накит ставете дрвен ѓердан или ѓердан изработен од школки.
Летно здолниште Искомбинирајте ги боите и дезените на вашиот костим за капење со некое летно здолниште. Било да е долго, кратко или до коленици, здолништето ќе ги прикрие бедрата и задникот кои за многу жени претставуваат проблем.
Парео или марама Секоја жена треба да ги има. Во мода се и долги и кратки, а можете да ги носите на илјада различни начини. Можете да ги нагласите или сокриете своите облини, да изгледате секси или романтично.
Кошула Одличен избор. Покрај тоа што е практична и комотна, таа е едноставна за комбинирање, ги прикрива килограмите, но го нагласува сексапилот. Ако имате партнер кој не е многу крупен и висок позајмете ја неговата.
Џемперче Не мора да биде зимска облека, особено тенкото џемперче. Комбинирајте го со краток џинс или ленена сукња, или пак едноставно врзете го преку костимот за капење.
Ленени панталони Долги или кратки, тие се полн погодок. Освен што ќе ги нагласите струкот и деколтето, ќе делувате елегантно и романтично. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|