Monday, 18 June 2012 16:06 Мода & Убавина

Женствената долга коса секогаш е на врвот на популарностa меѓу машката популација...

Ако имате долга коса, побарајте инспирација во некои од моментално најпопуларните фризури.

Права долга коса

Кога е пуштена и паѓа преку рамениците, долгата сјајна коса е многу секси. Ваквиот изглед постигнете го со помош на пегла за коса, а врвовите дефинирајте ги со крема, серум или спреј за коса.

 

Кадрици

На својата долга коса дајте и живост со помош на кадрици, само на врвовите. Со широка четка, поминете низ косата додека ја фенирате. Потоа ставете пена за коса и со витлери направете големи кадраци, без посебен ред. Завршете така што со прстите ќе поминете низ врвовите.

 

Плетенки

Плетенките се вратија на голема врата пред две години, а и оваа го задржаа статусот на една од најпосакуваните фризури. Тие се разиграни, младешки и може да ви бидат од голема корист кога не знаете што да правите со косата. Сите комбинации со плетенки се пожелни, затоа употребете ја фантазијата.

 

Коњско опавче

На своето коњско опавче дајте му тренди нота така што ќе го кренете повисоко и ќе ги дефинирате врвовите. Тајната на совршеното коњско опавче е четкањето – четкајте се додека на косата нема ниту едно влакно кое штрчи.

 

“Неуредна" пунџа

Еден од најпопуларните стилови за долга коса е неуредно подигнатата коса во пунџа, што и не изненадува бидејќи е женствен и едноставен за постигнување. Пред да ја завртите и зацврстите косата додадете и гламурозна нота, така што ќе го подигнете коренот со средство за волумен и тапирање.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...