ТОП ВИДЕО |
Monday, 07 May 2012 08:55
Мода & Убавина
Изгледајте посебно и елегантно на вашата матурска вечер... Најважно е она што ќе го носите да одговара на вашата возраст и секако, да се чувствувате пријатно во него. Гламурозна Не постои ништо погламурозно од свечен долг фустан, тоа постојано ни го покажуваат и холивудските ѕвезди кои ваквите фустани ги избираат за сите важни случувања на црвениот тепих. Ние одбравме розов модел со апликација под градите, поради која не мора да носите модни додатоци. Но ако сакате да додадете уште некоја боја во комбинацијата, тоа можете да го направите со некоја интересна белегзија или прстен. Нив можете да ги замените и со обетки, се разбира ако повеќе сакате да ги носите, а со тоа ќе го истакнете и своето лице. Ако имате потешкотии при изборот на чевли, никогаш нема да згрешите со беж или со чевли со боја на кожата. Поради неутралноста ќе изгледаат одлично со секоја комбинација.
Принцеза Ако преферирате кратки фустанчиња, размислете за балон модел без прерамки. Овој фустан со набори во долниот дел одлично ќе им стои и на високите и на ниските девојки со мали гради. Искомбинирајте го со црни чевли и чанта, а можете да додадете и некој сјаен сребрен накит и тијара – ова сигурно ќе ви биде една од ретките можности во животот да ја носите, се разбира ако се чувствувате како принцеза. Ниските девојки не треба да бираат долг фустан, во кој може да “се изгубат” ако не изберат соодветни високи потпетици. Подобар избор за нив се кратките фустанчиња, секако со пристојна должина.
Во бело Мислењето дека белата боја и нејзините нијанси се наменети само за невести е застарено и неточно. Фустан во шампањ боја, збогатен со тул е совршен избор за девојки со облини и широки колкови. Белата боја совршено одговара со златна, па затоа високите потпетици, чантата и обетките нека бидат во оваа, победничка боја. Чантата и чевлите не мора да бидат во иста боја и нијанса, ако имате смисла за комбинирање облека, поиграјте си со моментално актуелните бои. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|