ТОП ВИДЕО |
Wednesday, 11 April 2012 12:02
Мода & Убавина
Жените најчесто ја прилагодуваат шминката на бојата на облеката или очите, ретко која помислува на бојата на косата... Со добар мејкап можете одлично да ја истакнете бојата на косата. Бринети Жените со потемна коса кога носат посветла шминка изгледаат посвежо. Храбро избраната боја на кармин, како на пример портокалова или црвена, совршено ќе ја истакне чоколадната нијанса на кафената коса. Веѓите и усните секогаш нагласете ги со моливче. Избегнувајте ладни нијанси на сенки за очи, како светло сина, а користете ги сите нијанси на кафена, беж и сива боја. Покрај тоа, за посвеж изглед користете сјајни сенки. Русокоси Очите нагласете ги со темно сиви и кафени нијанси или многу светли, како беж. На усните нанесете кармин во неутрална боја, а руменилото заменете го со бронзер. Веѓите осветлете ги колку што е можно повеќе за да не се истакнуваат премногу. Црвенокоси Неутралните бои на сенка ќе се изгубат на лицето на црвенокосите девојки. Наместо тоа, пробајте кафените нијанси да ги искомбинирате со виолетово моливче за очи. Покрај виолетова, на црвенокосите совршено им одговара и зелена, поради убавиот контраст. Без оглед на тоа дали ќе ставите посветли или потемни нијанси на кармин, усните секогаш треба да бидат нагласени со моливче. На жените со црвено-кафени нијанси најдобро им стојат класичните “зачадени очи”, а на усните боја на слива или вишна. Црнокоси На црнокосите најдобро им одговара похрабра шминка, било на очите или на усните, но пожелно е да истакнете едно од нив за да не изгледате пренападно. Сенките во боја на слива совршено ќе ги нагласат вашите очи и ќе направат контраст со вашата коса. Во случај на усните да носите црвен кармин, кој одлично им стои на црнокосите, очите нека ви бидат понеутрални. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|