Sunday, 08 April 2012 09:59 Мода & Убавина

Кралицата на бурлеската, Дита Фон Тис, препознатлива е по својот стил кој не враќа во времето на златниот Холивуд, а своето знаење за шминките, убавината и заведувањето го откри во својата книга Burlesque.

Дитa никаде не оди без заштитен фактор за лице и сјајно црвен кармин. Сака да се чувствува гламурозно, па затоа со обожавателките споделила неколку корисни совети за тоа како да се чувствуваат и изгледаат заводливо.

„Секогаш мислев дека сум просечна и здодевна. Никогаш не се чувствував убава. А потоа сфатив дека убавината и гламурот се две различни работи - и дека секоја жена може да биде гламурозна.“

Дита исто така креирала своја линија долна облека инспирирана од пин-ап девојките и модата од 40-тите години. Објаснила зошто смета дека секоја жена мора да поседува заводлива долна облека.

„Убавата долна облека е најсекси да се облече под обична облека, затоа што така таа мала секси тајна ја чувате само за себе, се чувствувате таинствено и женствено, што се гледа на вашето лице.“

Освен совети за убавината и заведувањето, Дита даде и модни совети.

„Да се штеди за скап и безвремен капут е многу поисплатливо отколку да се купат десет евтини. Тој никогаш нема да се распадне, ниту ќе му испопаѓаат копчињата. Никогаш не купувајте лажни дизајнерски чевли - ќе се забележи на километри дека не се вистински. Ако не можете да си ја дозволите вистинската работа, тогаш подобро купете нешто друго.“

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...