Thursday, 22 September 2011 13:08 Мода & Убавина

Модната недела во Милано се одржува од 21 до 28 септември, а првата вечер прикажана е, помеѓу другото, и колекцијата на модната куќа Gucci, со која истовремено се обележани 90 години од постоење на тој бренд...


За ревијата на модната куќа Gucci секогаш се бараат неколку карти повеќе, а уште кога се прикажува јубилејна колекција по повод 90 години работа, тогаш тоа е настан на сезоната.

Така на модната недела во Милано е прикажана Gucci колекцијата за пролет/лето 2012, а истовремено е отворена и нова продавница во Виа Монтенаполеоне, миланска улица добро позната за светските купохоличарки, но и Gucci музеј во Фиренца. И тоа не е се. Се славеше и во Париз на журка која исто така е организирана по повод јубилејот на познатата италијанска модна куќа.



Прикажаната колекција е инспирирана од двесетите години на минатиот век: фустани кои ја истакнуваат силуетата, женствени панталони од лесни материјали, јакни со остри линии кои потсетуваат на војнички, фустани до колена и друго.

Се на модната писта во Милано беше црно, бело, златно и смарагдно, а гламурот толку специфичен за Gucci е постигнат и со лесното одење на манекенките кои личеа на извајани статуи.

Модните критичари истакнуваат дека оваа колекција има нота на сексуална еманципација која некогаш одамна ја поставил поранешниот Gucci дизајнер, Том Форд. Тој од жените направил „сексуална грабливка со стил“.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...