Thursday, 08 November 2018 11:23 Македонија

На самитот ќе има повеќе од 15 панел-дискусии, неколку интерактивни настани за вмрежување и ден за спортски активности...

Со поздравно обраќање на годинешниот клучен говорник и претставување на политиките што стојат зад економскиот успех на тековната администрација на САД, официјално беше отворено седмото издание на Самитот Македонија2025, каде што врвни имиња од глобалниот бизнис ќе ги запознаат македонските стопанственици со најновите светски трендови во економијата, инвестициите и технолошките иновации.

- Има многу важни прашања поврзани со политиките за кои треба да ги споредиме погледите и да размениме отворени перспективи. Амбиентот за водење политики во многу делови на светот рапидно и динамично се менува, нудејќи и можности и предизвици. Тоа ќе биде навремен повод да ги разгледаме на стратешки начин свртен кон иднината, особено во контекст на тоа како да се дефинира една обновена патека за Македонија и да се реализира нејзиниот целосен потенцијал - изјави Ентони Б. Ким, менаџер за истражување, уредник на индексот за економска слобода во фондацијата Херитиџ, САД.



Дел од денешните панел-дискусии се поврзани со сеопфатен економски осврт на светот и регионот, споредба на стратегиите за привлекување директни странски инвестиции, како и најдобрите практики на светско ниво. Максимилијан Ламбертсон, водечки аналитичар за Источна Европа во The Economist Intelligence Unit, Велика Британија, изјави дека економската активност на Западен Балкан се има подобрено во изминатите три години.

- Регионот мина низ значителен период на приспособување по светската економска криза во 2007-2009, кога инфлацијата достигна историски најниски нивоа, што овозможи поусогласена монетарна политика која поддржува раст. Предвидувсме просечен раст на реалниот БДП од речиси 3,3% во 2018-2022 кај земјите на Западен Балкан - додава тој.



Имајќи го предвид зголемениот интерес за инвестирање во оваа област, една од темите на Самитот денеска ќе биде и производството на канабис за медицински цели. Исто така, ќе презентираме успешни македонски компании, а утре во фокусот ќе бидат дигиталната трансформација, најновите технологии во здравството и зелените индустрии.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...