Monday, 12 March 2018 18:00 Македонија

Тони Гогов моментално живее и работи во Лапонија, Финска, во светски познатиот хотел Какслаутанен...


За неговите 33 години посетил над 60 држави и поседува богато искуство и знаење за културите и менталитетите на народите ширум светот. Неговото мото е "ризикувајте, само така ќе добиете". Гогов досега гостуваше на утринска програма во Телма, имаше интервју во Утрински Весник, Црно Бело, а воедно е финалист на меѓународниот натпревар "Пат околу светот на 80 страници" организиран од познатиот бренд за хартија Navigator Paper во 2016 и 2017 година.



1. Која е главната придобивка од вашиот професионален ангажман низ повеќе земји од светот?

Барањето на личен предизвик и запознавањето со различните култури и обичаи стана поважно за мене од кога и да е. Стекнувањето на меѓународно искуство од професионалениот ангажман во странство не само што го подобри мојот финански статус и кариерата, туку ме направи и повеќе креативен и комуникативен.
Во моментот кога некој ќе одлучи да се пресели во странство, тие се современи пионери. Јас го сакам новиот, уникатниот, неистражениот и непознат свет.

Интеркултурната комуникација не е само поврзана за јазикот, туку и за меѓукултурната компетентност. Со самото доаѓање во друга земја се чувствувам како дома во новата култура, станувам поотворен, толерантен и полесно ги надминувам културните разлики.



2. Бевте во Дубаи на топло, сега сте во Лапонија, во краиштата на Дедо Мраз. Која е разликата меѓу двете места?

Во 2014 година се преселив во Дубаи, бидејќи бев фасциниран од безусловното наследство и сегашниот фокус на бизнисот и диверзификацијата. Јас сум доволно среќен што ја имав можноста да работам во Емиратите. Како што знам луѓето кои доаѓаат овде никогаш не комуницираат со локалното население. Дојдов тука со отворен ум и со љубопитност, и добив многу поволен впечаток од моите пријатели и колеги. Можеби звучи чудно, но нивната тесно поврзана култура, каде што "сите ги познаваат сите" и нивната вистинска љубов за благосостојбата на нивните деца, ме потсетува на животот во северна Финска. Исто така мора да ја спомнам и прекрасната природа на Лапонија и начинот на кој луѓето овде за грижат за истата. Мислам дека никогаш нема да останам рамнодушен на убавината на Северот. Главната разлика? Времето.



3. Како се адаптирате на нови места и како нив ќе ги споредите со вашиот роден град Струмица?

Кога луѓето се движат надвор од границите на својата држава, тие обично размислуваат за тоа како ќе изгледа новото место, нивните нови соседи, нивниот нов град - накусо, сите други промени кои доаѓаат со промена на адресата. Но, она што повеќето луѓе не го сметаат е начинот на кој овој потег ќе ги промени самите нив.
Во далечната 2007 година, како студент кој доаѓаше од мал град не знаев многу за странските земји и никогаш не помислив дека ќе живеам во странство во мојот живот. Сепак, таа година направив посебно патување. Всушност,тоа беше ново поглавје во мојот живот, се преселив привремено во САД, како дел од програмата за студентска културна размена. Тоа беше неверојатно искуство за мене.

Следниот ден од мојот престој, не можев да дочекам да излезам надвор, иако мојот англиски јазик не беше добар. Гледав во моето ново опкружување. Чиста, тивка и убава средина. Беше многу различно. Сè, насекаде, сите беа нови за мене. Мислев дека не можам да живеам таму, и бев исплашен за тоа. Со текот на времето, постепено дознав многу работи. Се сеќавам дека Американците беа особено љубезни и дека ми помогнаа да разберам и да бидам разбран. Чувствував дека нема потреба од страв бидејќи стекнав многу добри пријателства, а учевме едни од други за своите култури. Најважно е што можев да бидам сигурен и почнував да се чувствувам како да беше мојот сладок дом.

Секогаш кога го започнувам мојот нов живот во друга земја, учам за нивната култура и како да се грижам за себе. Тоа е шанса да ја добијам мојата независност. Нова земја, нов живот и нови предизвици.



4. Која е вашата најголема пасија во животот и што е среќа за вас?

Уште дете, штом ќе свртев на следниот свиок со мојот велосипед, ја следев авантурата на патувањето - непознатото, нешто различно, нешто ново. И денес се чувствувам исто така ... иако сега "следниот свиок" може да биде на друг континент. Јас сум неверојатно среќен што постојано ја хранам мојата страст за патување. Морам да кажам дека патувањето ме направи подобра личност. Сега сум друг човек отколку кога бев на 21 годинa кога првпат заминав да го истражувам светот.


Ja сакам возбудата од чувството на истражувач - откривајќи нова земја, нов јазик и сите мали предизвици што одат попатно. Кога патувам, јас сум повеќе спонтан и не живеам за иднината или минатото... само во моментот.
Светското патување го прошири мојот ум на многу начини. Се среќавам со нови луѓе, споделувам нови искуства и рушам бариери. Кога се враќам дома, луѓето се фатени во секојдневната рутина на животот за која мислиме дека е нормално.


Толку многу луѓе живеат во несреќни околности, но сепак не преземаат иницијатива за промена на својата ситуација, бидејќи тие се условени од животот на безбедноста, комфортноста и конзервативизмот, што може да изгледа дека дава мир на умот, но во реалноста ништо не е повеќе штетно за авантуристичкиот дух кај човекот отколку безбедна иднина. Основното јадро на живиот дух кај човекот е неговата страст за авантура. Радоста на животот доаѓа од нашите средби со нови искуства, а со тоа нема поголема радост отколку да се има бескрајно променлив хоризонт, за секој ден да има ново и поинакво сонце.



5. Раскажи ни интересни случки од престојот во Лапонија?

Постојат толку многу нешта кои може да ги правите само доколку е премногу ладно надвор и секако Лапонија е одлично место за тоа.

Овде секако би ја спомнал финската сауна, која има значителна улога во финската култура. Како најинтересна случка беше посетата на 'Чадена Сауна' во едно зимско одмаралиште. Овој посебен тип на сауна без оџак се загрева со дрво, а целиот чад останува внатре. Кога просторот ќе ја достигне највисоката точка на греење, чадот се филтрира, притоа оствајќи доволна топлина и мирис на чад од изгорено дрво. Тоа е моментот кога сите излегуваат надвор на екстремни ниски температури, па се враќаат назад во сауната и така неколку пати. Некои луѓе скокаа во замрзнатото езеро, некои се тркалаа во снегот. Јас го одбрав пливањето во езерото и веднаш после тоа се чувтвував опуштено. Всушност, тоа би го направил во било кој момент без двоумење.
Веднаш после таа студена декемвриска ноќ полесно се прилагодив на ниските температури.



6. Ви се случува ли да се конфронтирате со луѓе од други земји? Ако ДА, како ги решавате проблемите со нив?

Еден од мојот професионални ангазжмани вклучуваше работа во невладина организација во промовирање и развивање на неформалното образование преку различни видови на активности поврзани со програмата на Еразмус +. Во тој период имав можност да бидам координатор и обучувач на голем број проекти со мултиетничка димензија.
Најдобар начин за спречување меѓукултурни конфликти е учење за културите со кои доаѓаме во контакт. За мене важен аспект од културното образование е разбирањето на сопствената култура и развивањето културната свест преку стекнување на широко познавање на вредностите и верувањата на другите култури, наместо да ги гледам луѓето низ призмата на културните стереотипи.



7. Организирате патувања за Јордан, што е тоа што ве натера да се определите токму за ова место?

Патував низ повеќе од 60 држави низ цел свет и живеев на 3 континента, но доживеав вистинско задоволство кога за прв пат го посетив Јордан. Ова е место коешто ги заслужува сите суперлативи. Од сите земји што ги имам посетено, Јордан е најубавото изненадување од сите. Исполнет со богата историја, неверојатни пејзажи и прекрасна култура, претставува задолжително место за посета за верниците, антрополозите и авантуристите. Од таа причина, во соработка со агенцијата Jordan Allure Tours, одлучив да станам водич на ескурзии за мали групи. Ескурзиите се наменети за мали групи за да може да може да создадеме врвна и дружељубива средина. И една од целите е секако дружењето и запознавањето пријатели. Секој што сака да го истражи Јордан е добредојден.



8. Што би им препорачале на младите луѓе?

На младите од Македонија би им порачал да излезат од својата сигурна зона, да патуваат на места кои никогаш не биле, да вкусат нешта за кои никогаш не чуле, и да ги стимулираат сите свои сетила.
Мојата пасија кон патувањето се роди кога почнав со работа за премиум круз компанија и притоа имав среќа да посетам доста држави низ планетата. Инаку секогаш моите патувања ги спонзорирам со наоѓање работа во странство во областа на туризмот.


Како што велат луѓето, првиот чекор е секогаш најважен и навистина треба да имате самодоверба и храброст да се уверите самите себе дека целта за долгорочно патување не е луда фантазија, туку реален животен избор. Кога еднаш ќе го сфатите тоа и ќе се посветите на креирање на патувачки животен стил, ќе се изненадите од тоа колку врати ќе ви бидат отворени.

Автор: Александар Младеновски

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...