Friday, 19 December 2014 12:13 Македонија

Дали ни е потребни австралијански дијаспори да не подгреваат со одново роден патриотизам и различни со кои упорно се обидуваат да промовираат црвено жолти патриотски бои и историски корени...



Дали ни е потребно да се влечеме по стомак, а се уште да висиме по историски настани и личности како основа на сопствениот идентитет?

Дали ни е потребен национален идентитет на чијашто основа можеме да го изградиме индивидуалниот?

Дали една микроскопска нација може воопшто да се надева на прогрес без да нејзините жители прво бидат во способност да застанат до човекот до него на основа на фактот дека е човек а не приврзаник на одредена идеа?

Дали навистина ни е потребен патриотизам?

Ова е една комплексна тема која во мината година ме окупира а чиишто почетни мисли лежат во мојата прва книга Човекот после Мостот која наскоро ќе биде на располагање на македонската јавност.

Човекот после Мостот ја раскажува приказната за походот на најголемиот  Македонски и светски освојувач Александар Македонски за време на неговиот поход во Индија и што всушност се случи  кога наеднаш реши да ја сврте својата армија назад кон Македонија и да ги прекине сите понатамошни освојувачки планови.

Александар во еден момент на меланхолија и контемплација покрај една од големите Индиски реки налетува на софист или мудрец со кого распламтуваат богата дискусија околу основата на човековиот живот и целта на неговото постоење.

Притоа мудрецот смета дека обична теоретска расправа неподдржана од практично реално искуство не може да поттикне вистинска трансформација кај новопојавениот ученик. Со своите ментални моќи на медитација мудрецот го зема Александар на вон-телесен аџилак и патување низ милениумите за да на Александар му презентира внимателно селектирани ситуации и учители од кои ќе добие по едно врховно наравоучение.



Човекот после Мостот кулминира со Прекрасниот Климакс кога мудрецот конечно ќе му ја открие на Александар своето вистинско потекло и зошто воопшто судбината предодреди да стане еден од најголемите светски императори и да биде привлечен кон идеата за поход над Индија.
Човекот после мостот не претставува само нарација на целосната приказна на Македонскиот крал од точката кадешто историјата речиси и да не бележи никакви сознанија а која според мене е една од најголемите настани во краткиот живот на Александар.
    
Истата на Македонскиот читател ќе му го отвори прашањето дали и колку на еден Македонец му се потребни историски идеали за да ја афирмира својата индивидуална вредност и идентитет како и чувство на поврзаност со својата нација. Крајот на книгата го означува прашањето кое сите ние треба да се обидеме да си го одговориме...

Дали Македонецот не би бил подобар полесен и посилен доколку би се ослободил од тежината од избледени историски постулати и карактери и наместо тоа одново ја побара својата големина и идентитет на едно уште подлабоко духовно ниво, онаму кадешто тлее вистинската лубов и сила.

Дали Македонецот би можел да го направи она што повеќе нации го направија во текот на историјата на оваа цивилизација – Дали може да се ослободи од сите Александари, сите кралеви сите револуционери, целосно да се испразни и да нурне подлабоко во потрага по нови вредности кои би го направиле нов свеж и агилен актер на глобалната сцена и новиот милениум?

Дали ни е потребна историјата и нејзините херои за да вистински се чувствуваме дека сме некој и нешто, човечки суштества, Македонци?

Дали во огромната игра наречена време би било важно дали сме синови потомци на славен императори или не, и дали вреди да преку сопствениот недостиг на вредност креираме товар кој нашите деца допрва треба да го носат додека светот лесен и полетен маршира напред?

Можеби Човекот после мостот ќе понуди дефинитивен одговор на овие прашања. Поставете си ги истите пред и после нејзиното читање, самите на себе или на Македонецот до Вас.

Во меѓувреме повелете на мал подарок – Бесплатно поглавје од Човекот после Мостот до сите Вас кои би сакале да се регистрирате за новости од објавата се до денот кога целосната верзија ќе биде на располагање. Регистрирај се преку овој линк.

Се гледаме наскоро,
Блаже Аризанов

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...