Saturday, 10 May 2014 10:07 Македонија

Кога еден испарлив ден Александар Македонски отсутно чекореше покрај брегот на реката за време на неговиот поход во Индија, во 326 п.н.е. забележа нешто односно некого кој почувствува како да го познава од недефинирани времиња...



Некој кој го потсети на неговиот долгобрад просветител Аристотел, кој изгледа како обратната страна на неговиот учител - различни а сепак исти.

Не, Александар не можеше да го остави ова на случајноста. Она што само никој друго освен Александар Македонски го знаеше за Великиот Аристотел е дека последната лекција која му ја вдахови пред да замине на еден од неговите најславни походи во Азија беше следната –
“Oстави малку место за магија и нелогичност во твоето срце за да ги најдеш одговорите тогаш кога сè ќе ти биде матно. Ќе бидеш во можност да го забележиш часовникот но не и неговиот креатор. Ќе бидеш збунет. Тоа е добро. Не обидувај се да го најдеш. Тој ќе те најде тебе.”

Александар му пристапи на човекот кој го забележа пред себе – гол ацтек, седнат во лотус позиција со исправен грб како да е опседнат од сопствената великост и независност. Неговата аура како да сакаже да каже – Јас повеќе не сум дел од Законите на твојата природа жалосен смртнику, ниту пак дел од серијалот кој твојот ум веќе го подготвува за мене и без твое знаење.

Серијал којшто има за цел да те затрупа подлабоко во илузијата секојпат кога ќе се доближиш чекор поблизу до Вистината.

Александар отвори разговор со Мудрецот.  Всушност тоа беше еден од најголемите и најлегендарните дијалози кадешто оксидентализмот на Александар и неговиот учител Аристотел директно се судри со ориентализмост на Индиецот. Во тие моменти дури и ветрот престана да дува а Мајката земја се наклони поблизу за да не пропушти ниту дел од она што ќе прерасне во иконско наследство за следните кои ќе се хранат од нејзините плодови.

Александар е речиси поразен. Зошто Аристотел реши да го остави без одбрана преку последното лекција со која го испрати во Индија? Зошто во последен момент како да го одрече сè на кое го научи уште како дете? Зошто си поигра со него? Зошто го остави да биде погол и од голиот ацтетик кој седеше пред него?

Не! Вистината мораше да биде откриена. Во спротивно која е поентата да се живее мек и игнорантен живот на теле?

“Дојди со мене” – му рече мудрецот. “Знаењето те чека! Гностика чука на твојата врата. Јас сум само вратарот. Ти мора да поминеш преку неа. Дојди со мене”.

Овде историјата застанува а Човекот после Мостот продолжува.

Време е едно прекрасно дело, една некажана приказна да се врати дома онаму кадешто требаше да биде ако Александар успеаше да го донесе тоа што тој го најде.
Време е приказната на Александар да се врати дома и конечно да се одмори. Историјата повторно се наоѓа пред пресврт и исчекување. Ова веќе се случи пред 2.000 години и е судени да се случи уште еднаш.

Да му посакаме добредојде на Човекот после Мостот.  

За разлика од бројните ориентални четива просто преведени од Англиски јазик од типот на Моќта на Потсвеста кои само ја гребнуваат површината и го оставаат Македонскиот ум уште позбунет, Човекот после Мостот ќе Ве однесе во сржта. Она што јас го научив во Индија ќе Ви биде пренесено длабински и рефлектирано од страна на ум којшто е еден од Вас, којшто се бореше со истите конфликти и внатрешни монолози со кои и Вие ќе се соочите, лимитации кои произлегуваат од општеството во кое живееме.

Успеав да видам над смогот. Време е сега и мојот народ да го стори истото.

За да биде комплетирана Човекот после Мостот потребно е уште еден финален дел којшто чека да биде пронајден во Тибет. Овде ми е потребна поддршката на мојот народ.
Ве молам кликнете на линкот подолу кој ќе Ве однесе на страната каде што активирав кампања за прибирање средства за мојот пат до Тибет и обидете се да придонесете колку што можете.

https://letsfundit.mk/Home/ProjectDetails/142

Дел од учењата на Човекот после Мостот:

1. Кришна беше во право

Сите ние сме толку ужасно приврзани. Приврзан кон имот, убава куќа, убава девојка, кон луѓе и пријатели, кон сопственото постоење. Сите ние сме затвореници со само еден начин да излеземе - најтешкиот.

Приврзаноста произлегува од егото коешто постојано бара допирливи начини и сопствености за да се афирмира и ни докаже дека постои, дека е реално. Колку ли само болем феномен сите ние криеме во нас. Колку сме само иницијално пре-програмирани да ги повредиме другите – се разбира преку нашата склоност да ги имаме и да ги контролираме.
Кришна, една фигура од неверојатна магнитуда кои некои го сметаат дека е божествена реинкарнација а други како неверојатно интелигентна личност кој се има ослободен од прангите на илузијата исто како Буда се јавува пред 5.000 години за да го научи човештвото на законите на Дарма.

Што е Дарма?

Дарма е над човековата стремеж да бидеме исправни или погрешни. Дарма е победа над сопственото Јас. Дарма е сето добро кое некогаш постоело во нас. Дарма претставува живот ослободен од илузијата.

Кришна ќе се сретне со Александар Македонски. Најголемиот Ориентален учител ќе се сретне со најголемиот ученик на Аристотел. Дијалогот ќе биде легендарен. Конечно најстарото прашање ќе биде поставено и одговорено. Еднаш засекогаш!

2. Твојот ум не е во право

Ти си зафркнат. Сите сме зафркнати. Нашите умови сеуште не се пристигнати во 21 век. Напротив, нашиот ум е сеуште програмиран да одговори на сценарија и емоции типични за Камената Доба. Еволуцијата е природен феномен за кој што се потребни илјадници години да се случи.

Од друга страна технолошкиот развој е рапиден и пристигна толку далеку за само неколку децении. Технологијата е тука, но нашите умови сеуште не се. Од нас се очекува да се вклопиме во модерно и софистицирано опшество кадешто правилата на игра се различни од оние во Камената Доба. Но нашиот мозок е сеуште на пат. Всушност сите ние потсвесно сме сеуште во исчекување на сабјестиот тигар кој може во секој момент да скокне од наредната грмушка.

Како тогаш би можеле да изградиме квалитетни меѓу-човечки односи во општество чиишто изуми се повеќе ги турка неговите членови кон меѓузависност? Кога страв да не бидеме изедени и страв да не изгладниме е сеуште тоа што ги дефинира нашите акции? Можеби веќе не трчаме кон друг човек со чекан во раце за да му ја земеме храната, но зарем не го правиме истото денес на малку пософистициран начин?

Кај повеќето од нас овој стремеж е потсвесен што го прави уште поопасен. Ќе продолжи да постои и да се манифестира себеси се додека мозокот ме пристигне овде, се додека умот конечно не еволуира, се додека не издвоиме победа над умот.

Победа над умот е она кое Човекот После Мостот ќе се обиде да Ве научи

Хиндуизмот учи дека злото не е далеку од нас и нема потреба да го бараме по широки пространства. Истото е тивко и притаено околу нас и во самите нас. Трпеливо слуша и му се обраќа на егото тогаш кога истото се чубствува загрозено и повредено што впрочем се случува многу често. Затоа злото е толку тешко да биде откриено – бидејќи спаѓа во листата на нешта кои егото ни ги презентира како реалност.

Природата на Човековото зло и како да го пронајдете истото е она кое Човекот после Мостот ќе се обиде да ве наули

Ова е само мал дел од знаењето кое го стекна Александар Македонски во Индија а кое доколку успееше да си го најде патот до дома, би ја променило Европската цивилизација од корен.

Крстоносните војни најверојатно немаше ни да се случат.

Исус можеби немаше да биде распнат.

Помогнете ми да го комплетирам Човекот после Мостот со финалната приказна наречена Прекрасен Климакс. Помогнете ми да стигнам до Тибет и да го најдам последното делче од мозаикот. Потребна ми е твојата помош, на твоите пријатели, на целата наша земја. Посети го сајтот подолу и вложи во овој потфат:

https://letsfundit.mk/Home/ProjectDetails/142

После повеќе од 2.000 години Александар Македонски конечно ни се враќа дома. Ајде да го пречекаме.

Топол поздрав од Индија!

Автор: Блаже Аризанов

 
Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...