Љубовта и занесеноста многу често ги претвараат луѓето во полуслепи кога станува збор за забележување на туѓите недостатоци. Никој не е совршен, секоја врска се состои од компромиси и комуникација, но постојат некои работи преку кои никако не би требало да бидеме спремни лесно да поминеме. Знаците дека сте во врска со лузер некогаш се прикриени, но постојат некои ситници во неговото секојдневно однесување кои лесно можат да го разоткријат...
1. Им се потсмева на вашите идеи, а нема ништо подобро да понуди самиот
Кино, дружење со пријатели, шопинг - сето тоа му е одбивно и ви префрла дека сте лоша организаторка, а кога е соочен со прашањето што би правел со задоволство, најчесто нема одговор. Не дека вашите идеи се лоши, само сте во врска со незадоволно мрмкало на кое се освен лежењето во кревет му претставува проблем.
2. Не го сакаат вашите пријателки, а вие неговите пријатели не можете да ги смислите
Тоа е еден од најчестите знаци дека нешто не е како што треба. Ако не го сакаат луѓето со кои вие се дружите, а помислата на излегување со неговите пријатели во вас предизвикува чувство на мачина, потребно е нешто да се промени. Можете да ги менувате своите или неговите пријатели или поедноставно - да го смените него.
3. Спие цело попладне
Ова не мора нужно да значи дека е лузер. Ако е лекар кој штотуку работел 24-часовно дежурство во болницата и легнал да спие рано наутро, спиењето до попладневните часови е опростено. Но, ако вашиот дечко е еден од оние кои играат Solitaire на компјутерот до 4 наутро и преспиваат добар дел од денот, големи се шансите дека е лузер. Скратете си ги маките и најдете некој кој, ако веќе е буден до ситните часови, тоа време го поминува со вас.
4. Нема работа
Не дека сите невработени спаѓаат во категоријата лузери, да се биде вработен денеска е се потешко и потешко. Зборуваме за оној вид невработен дечко на кој воопшто не му смета тоа што се уште бара џепарлак од мама и уверен е дека ќе живее лесен живот од повремени добитоци во кладилницата. Коефициентите за опстанок со таков лузер не се доволно високи за жена која се цени самата себе.
5. Живее со родителите
Да се има сопствено место за живеење во денешно време е луксуз кој ретко кој може да си го дозволи, така да не треба да се смета за лузер секој дечко кој нема такво место. Но, тој кој е задоволен што на 30 и некоја година се уште живее на грбот на родителите и не покажува иницијатива ниту желба за напредок и основање на сопствен дом, е овде веќе можеме да зборуваме за лузер. Наместо да се обидувате да го оддвоите од мајчината сукна под која му е толку убаво, хируршки отстранете се вие од него.
6. Не сака да пробува нови работи
Сите ги сакаме своите мали навики кои ги негуваме од рана младост, но понекогаш е потребно да пораснеме преку нови работи кои ги испробуваме во животот. Не дека мора да скока со падобранец од хеликоптер, но ако вашиот дечко одбива да испие кафе било каде освен во неговото омилено кафуле, имате работа со разгален лузер.
7. Постојано ве корегира
Дома, во продавница, пред пријателите - ви се чини дека ништо што кажувате не е точно. Доколку не сте изразено глупава и неначитана личност, големи се шансите дека преку вашо корегирање тој да ги решава неговите сопствени комплекси на пониска вредност. Корегирајте се самата и променете го таквиот дечко.
8. Не прифаќа критика
Никој не сака да слушне дека направил нешто погрешно, но понекогаш конструктивната критика прави чуда. Интелигентна личност која сака да расте и да биде подобра, со задоволство ќе ја послуша критиката и објективно ќе оцени дали таа е на место. Ако е, ќе настојува новите знаења да ги примени на старите навики и дури ќе ви биде благодарна на тоа. Лузерот пак, од друга страна, ќе обрне со очите, ќе го покачи тонот и ќе ја смени темата. Сменете го вие него.
9. Ги исмева успешните луѓе
Успешниот човек кој е среќен и задоволен со себе ретко кога ќе има време и потреба да ги истакнува туѓите недостатоци. Лузерот пак, револтиран од туѓиот успех, одвај ќе дочека да го навреди водителот на телевизијата, затоа што смета дека е над сите други.
10. Постојано доцни
Еднаш, двапати, трипати... секој пат? Доцнењето е многу често психолошко пореметување кај луѓето кои несвесно се обидуваат да истакнат дека се многу важни и дека вредат да ги чекате. Најсмешно е тоа што луѓето кои најчесто доцнат имаат најмалку причини за тоа. Ако повеќе од три пати (без оправдана причина како: ми се запали станот, па малку доцам) сте го чекале вашиот дечко над 20 минути, големи се шансите дека е лузер. Или едноставно не знае како да гледа на часовник, што повторно, освен ако нема 8 години, е знак дека е лузер.