ВИЦ

Мујо бил на лов во Африка и после неколку недели се враќа дома и Хасо го прашува:
- Како помина, утепа ли нешто?
- Ехеее, како не, 10 лавови, 20 хиени, 30 газели, и едно 15тина Ноуплизови.
- Што се тие бе ноуплизови?
- Не знам ни јас, мали црни бегаат цело време и викаат No please!!!

ТОП ВИДЕО

ДЕВОЈКА НА ДЕНОТ

Tuesday, 21 June 2011 13:01 Љубов & Секс

Живеењето заеднички живот не е баш бајка. Стресот кој го носи работата и финансиските проблеми и тоа како влијае на заедничкиот живот на партнерите, а расправиите и препирките се неизбежни. Но, најчестите препирки се случуваат поради најглупави причини кои всушност не се ни причини, но речиси секојдневно се присутни во врската. Ова се 7-те најглупави причини за расправија кои сигурно сте ги доживеале и вие...


1. Не можам да верувам дека си бил/а со него/неа!

Ретроактивните фрустрации кои се врзуваат за поранешните партнери никако не би требало да бидат причина за кавга. Причината за тоа најчесто е љубомора, па ако во прошетка низ градот ја сретнете поранешната љубов на вашиот партнер обидете се да се воздржите од излишни коментари кои можат да до расправија.

2. Дали воопшто ме слушаш што зборувам?


Двајца луѓе кои целото свое време го поминуваат заедно не се секогаш расположени за разговори, посебно кога на телевизијата има напната серија или утакмица. Нормално е дека не сте секогаш сконцентрирани на партнерот, но нема ништо полошо од зборување на празно. Токму поради тоа ова е еден од најчестите причини за расправија.



3. Што или каде ќе одиме на ручек?

Секој од партнерите добро знае што или каде би сакал да руча, но од некоја непозната причина тој проблем секогаш се наоѓа многу високо на листата на најглупави причини за кавга. Убаво е да мислите на својот партнер и дека ви значат неговите желби, но зар веќе до сега не научивте дека тоа што го мислите морате и да го кажете?

4. Сакаш ли и јас така да изгледам?

Уште еден повод за расправа која ја поттикнува љубомората. Иако поголемиот број партнери не им смета кога на глас ќе изговорите дека некој ви е згоден, расправите околу изгледот на трета личност се неизбежни. Нормално е дека кога ќе видите убава личност ќе почувствувате потреба тоа да го поделите со партнерот, но тоа не значи дека сакате да ја прекинете врската и да бидете со таа личност затоа што е убава.



5. Дали ова е твојата чинија?

Расправиите околу валканите садови не се никаква новост. Ваквата пасивно агресивна реченица има скриено значење кое сите многу добро го знаат. Но, проблемот не лежи во чашата или чинијата која со денови стои на масата во дневната соба, туку за кавга која со секој момент добива се поголем волумен, па расправијата за валканата чинија може да заврши некаде далеку со забелешка за заборавената минатогодишна годишнина.

6. Секогаш доцниш!

Речиси никогаш двајцата партнери не се подготвени за излегување во исто време. Оваа причина за расправија најчесто ја поттикнуваат жените затоа што ним им е потребно повеќе време за спремање, но ниту мажите не се китки за мирисање. Чекањето и исчекувањето на партнерот да влезе во автомобилот може да биде многу фрустрирачки, а минутите чекање изгледаат како часови по што започнува расправијата.

7. На одмор ќе одиме кај моите роднини!

Долгоочекуваниот годишен одмор би требал да биде единствено за опуштање и забава. Една од многу честите причини за расправија е посетување на семејството на партнерот за кое сигурно не сте сонувале цела година. Семејните дружења искористете ги за викендите.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...