Monday, 20 June 2011 13:54 Љубов & Секс

Дали е можно љубовта, кога еднаш ќе "умре", повторно да се оживее? Одговорот на ова прашање најмногу ги интересира оние кои се разделени, а кои секогаш сакаат и се надеваат дека повторно би можеле да бидат со поранешниот партнер. Дали да се надеваат, да продолжат да се сакаат, да чекаат...Иако прашањето изгледа едноставно, тоа не е така...


Кога се размислува за љубовта, со цел да се објасни или да се разбере нешто, потребно е да се напушти јазикот на поезијата и метафората. Љубовта не е човечко суштество кое може да умре или оживее, не е ниту предмет кој може да се изгуби, исчезне, намали. Љубовта всушност не постои на ист начин како што покажува именката љубов.

Она што навистина постои се две лица кои се сакаат. Над нејасното име љубов се кријат две чувства: да се сака и да се биде сакан. Некогаш кога се изговара љубов се мисли на љубовна врска, однос заснован на чувства. Кога луѓето се сакаат, тогаш се обидуваат да остварат таков однос или врска за која мислат дека одговара љубовта.

Сите тие разлики се важни да се одговори на поставеното прашање.

Ако некој престанал да биде вљубен во некој друг, најверојатно веќе таа личност повеќе никогаш неможе да се вљуби. Причината е во тоа што вљубувањето е засновано на идеализација, а многу тешко е да се идеализира личност која некој добро ја запознал.

Кога некој сака некого, тој е емоционално врзан за него, затоа што за него како личност мисли позитивно. Ако кога некој ќе престане да сака некого, мора да престане да мисли позитивно за некој негов важен аспект. За повторно да го засака, потребно е повторно за него како личност да мисли позитивно. Тоа е можно и не се случува ретко.

Прекинувањето на врската немора да значи дека двајца престанале да се сакаат. Често ситуацијата е кога двајца се сакаат, но поради тоа што имаат различни концепции како врската треба да изгледа никако неможат да воспостават стабилна врска во која и двајцата би биле задоволни. Се исцрпуваат во борбата во која секој од нив се обидува да го натера оној другиот да се вклопи во неговата концепција од врската.

Ако некој не прави разлика помеѓу љубовта и поврзувањето, одбивањето на другиот да се вклопи во бараниот концепт го доживува како нешто неубаво. Тогаш се чести "дефинитивните" прекинувања и повторните помирувања.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...