Saturday, 04 June 2011 10:30 Љубов & Секс

Да се продре во мозокот на мажот може да биде задача еднакво тешка колку и најнапорните физички работи. Жените се склони да прибегнуваат кон различни тактики, дури и да развиваат стратегии за да сфатат што се случува во главите на нивните партнери, но најдобар и наједноставен начин е - да прашаат...


Следните десет прашања секоја жена би требало да му ги постави на мажот уште на почетокот на врската, а некои уште во фазата да на заведување и додворување. Некои одговори можеби нема да и се допаднат, но подобро е вистината да се дознае пред да се развијат подлабоки чувства и врската да продолжи понатаму.

1. Кои ти се личните цели?

Жената треба да прифати дека неговите лични цели не ја вклучуваат и неа. Покрај се, некои од тие цели настанале пред жената да му влезе во животот.

2. Какво детство имаше?

Познавајќи го начинот на кој пораснал, жената подобро ќе ја разбере неговата личност и зошто е таков каков што е.



3. Што те прави несигурен?

Добро е да познаваш нечии несигурности пред тие да излезат на виделина. На тој начин жената нема да остане збунета и ќе знае како да се носи со тие несигурности во критичен момент.

4. Кои тие се професионалните цели?

За иднината на врската добро е жената да знае дали тој планира да се пресели поради кариерата, поминува ли многу време на работа и слично.



5. Што очекуваш од љубовната врска?


Немаат сите исти погледи кон љубовната врска. Затоа е добро да се разјасни уште на почетокот што претставува љубовната врска за него.

6. Сакаш ли деца?

Некои парови никогаш не зборуваат за тоа, па кога еден партнер вели дека би сакал да има деца, останува шокиран и скршен од сознанието дека другиот никогаш не сакал да стане родител.



7. Што те привлекува кај жените?

Секој има единствена слика за идеален партнер која нема врска само со физичкиот изглед.

8. Какви очекувања имаш сам од себе?


Тоа што мажот го очекува сам од себе веројатно ќе го очекува и од жената.



9. Што очекуваш од твојата партнерка?

Што сака од жената? Што му треба од неа? Што му е најважното што жената може да му го даде? Што се бара во жената?

10. Какво е твоето семејство и пријателите?

Кои се тие, какви се, што работат, какви се меѓусебните односи? Наједноставно, жената треба да дознае се за неговото семејство и пријатели.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...