Предиграта на жените им е особено важна, бидејќи ако тој дел тргне наопаку, неможат да се опуштат и веројатно нема да уживаат во сексот. Иако во сексот секоја личност е различна, речиси нема жена на која не и смета барем еден од лседните машки промашувања...
1. Грубост
Мажите обично побрзо се возбудуваат од жените, а кога се возбудени, повеќето сакаат малку груби допири. Жените, пак, различно - некои сакаат ситни грубости, а некои не, но во нивните глави, и едните и другите предиграта ја користат добро да се загреат, за што им е потребно малку време.
Една од почестите грешки е што мажите ги допираат жените онака како што тие би сакале да ги допрат нив. Предиграта, особено ако парот сеуште не ги познава добро меѓусебните желби и навики, треба да оди полека и нежно. Повеќето жени сакаат на почетокот нежни допири, а сакаат да остават впечаток дека нејзиното задоволство е важно.
2. Повторување
Многу мажи, вклучувајќи ги и оние кои мислат за себе дека се мајстори во кревет, немаат појма за уште една женска "тајна". Кога мажот еднаш сам заклучи (или кога партнерката ќе му каже) дека нешто сака, тој тоа најчесто го прави предолго и го повторува во секоја следна предигра. Тоа на девојката по некое време престанува да и биде интересно, а посебно им тоа смета кај оралниот секс. Честото повторување на истото движење делува премногу механички, бидејќи разновидноста им е многу поважна отколку на мажите.
3. Рутина
Паровите кои добро се познаваат обично се ослободуваат од срамежливоста. Меѓутоа, нив ги чекаат други стапици - досадата и рутината, а многу почесто се случува сексот на жените да им стане досаден. Тие од мажите очекуваат разновидност и чести промени.
4. Агресивен орален секс
Има жени кои уживаат во сексот и не страдаат од проблеми со доживување на оргазми, тие се отворени за експериментирање, но ќе ве изненадат со одбивање на орален секс.
Постојат многу можни причини, а најчест е тој што повеќето мажи лошо го прават. Една од основните работи кои секој маж би требало да ги знае: дека жените не сакаат сува уста и јазик и прејак притисок. Таквите грешки произведуваат целосно спротивен ефект - на девојките тоа ги боли и за секунда може да им ја излади желбата за секс. Вагината и клиторисот во прашање на забите се апсолутно забранети. Жената може да ужива во грицкање на останатите делови од телото, но секој контакт на вагината и клиторисот со забите едноставно боли.
5. Извртување на брадавиците
Анкетите кај мажите покажала изненадувачки резултати: дури и оние најискусни мислат дека изврувањето на брадавицата ја возбудува жената, а оние кои тоа го прават се класифицираат како неискусни.
Како и секогаш има исклучоци, но правилото до кое мажите би требало да се држат е - ако девојката не бара, не се обидувајте да бидете груби кон нејзините брадавици. Жените обожаваат лижање, смукање и нејзино играње со прстите, па и нежно допирање со забите или триење со прстите, но не сакаат гризење или грубо стискање.