Monday, 30 May 2011 14:11 Љубов & Секс

Иако по медиумите секојдневно можеме да пронајдеме многу совети за тоа како да го подобриме сексуалниот однос со партнерот, статистиката покажува дека се повеќе парови имаат проблем токму во таа област, а причините не се ништо друго освен изговорите. За да им помогнеме на оние кои веќе влегле во таа статистика, ви ги приложуваме најчестите изговори кои го уништуваат либидото...

1. Еден или двајцата партнери секогаш се уморни
Изговор кој се јавува многу често, што можат да потврдат бројни парови. Причината за тоа е што сексот ви се наоѓа многу ниско на листата на приоритети. Не чувајте го сексот за крајот на денот кога веќе сте исцрпени и поготвени за спиење. Кога ќе дојдете дома и ќе се зафатите со домашни активности, нема да ви остане сила за овој многу важен сегмент. Активирајте се веднаш по работата или по вечерата и нека сексот ви биде начин на опуштање.


2. Не сте издепилирани или не сте подготвиле свеќи, шампањско, јагоди
Кога со некој ја делите постелата и соживотот нормално е дека нема секогаш да изгледате или да се однесувате беспрекорно. Не правете драми од ситници за тоа дали сте издепилирани или дали сте подготвиле се за да биде романтично. Бидете спонтани. Убаво е од време на време да се организира романтично водење на љубов, но понекогаш спонтаниот секс е многу подобар и постраствен од големи планови.



3. Вие сте утрински, а партнерот вечерен тип
Ако сакате да бидете во врска морате да бидете подготвени за компромиси. Истото вреди и за сексот. Не бидете тврдоглави и обидете се да се сретнете на пола пат. Изненадете го партнерот со еротско будење и оставете ги работите да течат. Ќе бидете изненадени.

4. Не сте 100% загреани
Сексот е нешто како одење на тренинг. Кога ќе дојде тој момент многу не ви се допаѓа, но кога ќе почне акцијата знаете дека сте ја донеле вистинската одлука. Вистина е дека забрзаното темпо на живот и стресот влијаат на нашето расположени, но обидете се сексот да го искористите како антистрес терапија и ќе видите дека навистина функционира.



5. Веќе не се чувствувате привлечно
Нормално е дека со годините вашето тело нема да биде такво какво што некогаш било, но на вас е да почнете да се обидувате и да поработите на вашиот сексипил. Обидете се да ја промените исхраната и начинот на живот, а ако се работи за само попуштени колкови и стомаче не постои такво нешто што секси долната облека не може да го направи едноставно неодоливо.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...