Monday, 16 May 2011 08:55 Љубов & Секс

Кога станува збор за откривање на секси тајни, познатите личности се многу внимателни и ретко ќе признаат што ги возбудува и како ги заведуваат своите половинки. Сепак, некои од нив се отворија и споделија интересни совети кои може да ги примените...

Тие се згодни, славни и многу секси. Со своето појавување во јавноста често предизвикуваат воздивнувања и желба кај машката популација, а жените одвај ги чекаат нивните модни авантури. Со одличен изглед и завиден живот и тие имаат свои мали „валкани“ тајни кои излегоа на виделина.

Проверите кои се триковите со кои ѕвездите убавици ја загреваат атмосферата во своите врски.

Очајната домаќинка Ева Лонгорија откри дека сака кога мажот е главен и дека во креденецот покрај креветот крие свилени марами.

„Не сум против врзувањето со свилени марами. Сакам кога мажот ја води играта, има нешто многу секси во поданството“, ја призна Ева секси тајната.



Во игри какви што сака Ева Лонгорија со задоволство се препушта и Дита Вон Тис. Кралицата на бурлеската нема ништо против врзувањето.

„Само да се знае, малку лесно врзување никогаш не штети.“



Супермоделот Хајди Клум сака тоа да го прави насекаде, се разбира, со својот сопруг Сил.

„Уживаме во своите игрички. Јас му велам ‘Се гледаме в 6 часот на таванот’, а некој друг ден Сил ми шепнува додека поминува ‘Душо, во два часот во орманот’“, откри мајката на четири деца.



Пејачката Ријана откри дека со задоволство и често употребува SMS пораки со палава содржина. Некои од фотографиите кои ги праќаше на поранешниот дечко имаше прилика да ги види целиот свет, но Ријана не се откажува затоа што смета дека тоа е многу секси.

„Го жалам типот на кој од време на време не му праќате голи фотографии од себе“, рече таа.



Убавата актерка, Џесика Алба многу е срамежлива кога се во прашање тајните од нејзината брачна постела, а на јавоста и откри дека никогаш не пробала авантура за една ноќ. Сепак, нема ништо против тоа!

„Девојката не е ‘лесна’ доколку ужива во секс и авантури за една ноќ. Јас не сум ги имала, но немам никакви предрасуди кон жените кои ги сакаат баш како и мажите“, ја искажа својата поддршка Џесика.



Шерил Кол откри трик кој пали кај многу машки.

„Мислам дека мажите повеќе сакаат да слушнат кратки воздивнувања отколку силно врескање. Не сакате да звучите како порноактерка, зар не?“, заклучи Шерил која предложува жените да бидат мазни за време на сексот.



Елизабет Харли предложува романтика, камин и мек тепих и тврди дека таа комбинација која толку пати сме ја виделе во филмовите гарантира одличен помин.

„Тепихот пред каминот е таму само поради едно нешто. Морам срамежливо да признаам дека и пред мојот камин има преубав прекривач од овчја кожа“, откри Елизабет.



Актерката Кејт Бекинсејл призна дека без веб-камера тешко би ја поминала честата одделеност од сопругот.

„Кога не сме во ист град, користиме веб-камери. Сопругот ми дава наредби што да облечам или да соблечам“, признава Кејт.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...