Оралниот секс е како и секој друг - не е "забранет", но не ниту игра. Користете кондом и препуштете се на она во кое и двајцата уживате...
Пред десет, петнаесет години оралниот секс бил само табу тема. Тогаш беше оној скандал со Клинтон, а сега се разговара за него и на кафе со пријателките и со пиво со другарите. Сите се опуштивме, а истражувањата покажуваат дека повеќето луѓе имале некаков вид на искуства во врска со оралниот секс.
Уште од 2002 година американската статистика покажала дека во оралниот секс се впуштаат и тинејџери: повеќе од половина од нив и околу 90% од возрасните на возраст меѓу 25 и 44 години редовно уживале или уживаат во орален секс.
Оралниот секс може да биде дел од убава, здрава врска помеѓу возрасни кои се сакаат. Но и немора. Ако вие или вашиот партнер не сакате орален секс, и тоа е океј, тоа сигурно го знаете и самите. Сепак, еве некои факти за оралниот секс кои можеби не сте ги знаеле.
1. Оралниот секс го зголемува ризикот од рак на грлото
Рак? Да, може да добиете рак на грло од орален секс, велат лекарите од американското дрштво за борба против ракот, но не од оралниот секс сам по себе, секако, туку од хуман папилома вирусот (ХПВ), кој се пренесува преку сексуален контакт, вклучувајќи го и оралниот секс.
Истражувањата покажале дека некои видови рак на грло и непцето можат да бидат предизвикани од одредени типови на ХПВ. ХПВ е чест вирус, но не предизвикуваат рак сите видови. Ако не сте изложени на ХПВ за време на орален секс, не сте изложени ниту на зголемен ризик од рак на грлото. Сепак имајте на ум дека носители на инфекцијата може да бидат мажи и жени, и дека вирусот може да помине незабележително, без видливи физички манифестации. Значи - ништо без кондом.
2. Оралниот секс може да ја зајакне вашата врска, но партнерите можат да се оддалечат и поради несогласување поради тоа прашање
Не постои забранета работа во сексот помеѓу двајца возрасни луѓе и тоа секако важи и за оралниот секс. Дозволено е се што двајцата сакате и во што и двајцата уживате. Сепак, иако оралниот секс може да допринесе чувство на блискост и интимност меѓу парнерите, ако еден од парнерот не ужива во тоа, тогаш секој обид за ваков вид на интимност може да се доживее како притисок и може да ја загрози врската.
Разговор во тој случај може да помогне. Ако сте загрижени поради прашање на хигиена, мирис, вкус или било што друго, отворениот разговор е единственото решенија. Исто така, ако не сте сигурни што точно треба да правите, разговарајте, опуштете се и пробајте.
3. Оралниот секс е секс како и секој друг
Ова значи дека оралниот секс без заштита е неприфатлив. Сексуално преносливите болести, вклучувајќи и инфекција со ХИВ или ХПВ, херпес, сифилис, гонореја, хепатитис можат да се добијат и преку орален секс без заштита.
Оралниот секс не е синоним за безбеден секс. Опасноста од добивање инфекција е нешто помала кога станува збор за сексуален однос кој вклучува и пенетрација, но постои. Значи, сепак користете кондом.
4 Тинејџерите често се впуштаат во орален секс
Истражувањата покажале дека тинејџерите денес често се впуштаат во орален секс пред вагинален. Страшно е што младите денес оралниот секс всушност не го доживуваат како секс, како тоа да не се "смета". Зошто е тоа така? Веројатно што во тие години примарен страв е останувањето бремени.
Оралниот секс е и како секој друг - не е забранет, но не е ниту игра. Користете кондом и препуштете се на она во што и двајцата уживате.