Thursday, 14 April 2011 01:08 Љубов & Секс

Застарено е верувањето дека за добар брак доволно е само да се избере вистинската личност, но вистината е всушност сосема поинаква. Добар брак значи да се прават вистинските работи со личноста која сте ја избрале за партнер...


(Раз)галете се!
Бракот значи да се дава, но сепак задржете нешто и за себе. Научете како да ги одредите границите затоа што за среќа ви е потребно време за активности кои ги правите сами или во друштво на пријатели. Тоа не е себично, туку неопходно!

Дефинирајте го проблемот!

Замислете совршен однос со партнерот и осмислете план со помош на кој ќе дојдете до тоа. Дефинирајте ги проблемите и почнете да ги решавате чекор по чекор - двајцата.

Избегнете ги кавгите околу парите!
Доколку сакате нешто, а таа желба вклучува пари, морате да делувате заедно. Двајцата партнери мораат да бидат дел од одлуката која ќе влијае на куќниот буџет.



Тајната е во три реченици!
Ако сакате со партнерот да разговарате на тема која би можела да предизвика несогласување и расправија, осмислете краток говор кој ќе се состои од само три реченици. Кратко и јасно е тоа што најдобро се разбира. Не држете големи монолози.

Спремете ги ракавиците!
Ако се почувствувате дека губите, повлечете се или одложете ја расправијата. Доколку разговарате за важни теми како на пример секс, пари или одгледување деца партнерот кој губи, а тоа не му се допаѓа, ќе стане расположен за кавга. Крајот на ваквата приказна треба да го знаете, затоа подобро изладете се и одложете го разговорот.

Сторете го тоа!

Под „тоа“ мислиме на секс, што е најдобар начин за повторно да се поврзате, повторно да се вљубите и опуштите. Погледот и бакнежот кој ќе ве однесат директно во спалната соба се закон!

Заборавете го кажаното!

Бракот е сложен однос во кој двата партнери понекогаш изговараат тешки зборови. Не земајте ги за злонамерни и не употребувајте ги како против аргумент во секоја расправија. Голтнете ги и соочете се со нив, извикајте се и заборавете. Бракот оди понатаму!

И не заборавајте, ако сте во брак не сте во окови. Смеете да згрешите, да се пожалите и да одлучите дека не сте задоволни со постоечкото. Тоа не ве прави кукавица, туку личност која знае да учи од своите грешки.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...