Tuesday, 22 March 2011 11:00 Љубов & Секс

Вљубеноста побудува сексуална желба на еден, а љубовта на друг начин...


Луѓето кои се во долгорочни односи често забележуваат дека кога имаат заеднички секс, постои голема разлика помеѓу моменталната ситуација и онаа на почетокот на врската. Една студија покажала дека по 5 години врска и сексуална активност на парот се намалува на половина оваа активност која била на почетокот на врската. Дали тоа значи дека долгите врски негативно влијаат на сексуалноста?

Денес сметаме дека намалувањето на сексуалната активност во однос на почетокот е нешто сосем нормално. Тоа значи дека сексот станал помалку важен отколку што било на почетокот на односот. Тешко е да се каже дали паровите на почетокот од врската го преценуваат сексот или покасно го потценуваат. Но разлика во вреднување секако постои.

Една од причините за намалување на сексуалната активност е дека луѓето не разбираат дека се различни начините на кои се јавува сексуалната желба на почетокот од врската и покасно, во развиена врска. На почетокот од врската се обично вљубени и така им е најважно да се со партнерот, што и самиот поглед на него, е сексуална желба. Како оваа желба се јавува често, тоа доведува до чести сексуални активности.

Кога двајца луѓе се заедно со години, тогаш нивните приоритети се менуваат. Тие не го сметаат фактот дека тие се заедно, а ниту погледот на партнерот воглавно не побудува сексуална желба. Во нивниот живот се појавуваат различни улоги кои од нив бараат одредени одговорности, така да често овие улоги ги претавуваат партнерските улоги. Сето тоа придонесува за да не чувствуваат иста сексуална желба како на почетокот од врската.

Забележуваме дека се повеќе мажи во долги врски избегнуваат секс со своите партнерки. Една од причините е всушност чувство на збунетост кој го чувствува мажот кој смета дека би требало да и пријде на партнерката, а кој не е, како некогаш порано, сексуално возбуден. На почетокот од врската, додека бил вљубен, тој и приоѓал на својата партнерка откако сексуално ќе се возбудил додека ја набљудува. Кога сега погледот кон неа не предизвикува сексуална возбуда која ја чувствувал порано, мажот се плаши дека нема да постигне ерекција и е колеблив во пристапот или ја избегнува.

Психосексуалните терапевти им помагаат на овие случаеви така што на мажите им даваат дозвола да им се приближат на партнерките иако не се возбудени. Ги учат дека е во ред да се возбудат по неколку приближувања. Така и мажите ја откриваат предиграта во која расте возбудата. Нежност ја превзема улогата на возбудување со поглед. Така нежноста станува вовед во страстен секс. Треба да се свати дека вљубеноста ја возбудува сексуалната желба на еден начин, а љубовта на друг начин. Всушност љубовта ја овозможува сексуалноста во долгите врски. И затоа велиме дека љубовта е најдобриот афродизијак.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...