Tuesday, 15 March 2011 10:58 Љубов & Секс

"Може да останеме пријатели" - често се кажува при разделба. Тоа е коментар, којшто најчесто предизвикува реакција од видот `Се мајтапиш ли ти со мене?!`, но никогаш не се открива, туку се дава одговор сличен на - "Се разбира дека ќе останеме пријатели"...


Се разбира, може со бившиот да се движите во исти локали, да одите на исти забави и најучтиво да се сретнете, како се да е ОК со ситуацијата.
Во пракса сепак да останете пријатели со бившиот е повеќе исклучок отколку правило. Во повеќето случаи пријателите се делат, не одите по исти места каде што може да се гледате и на крајот секој тргнува по својот пат. Овде може да прочитате зошто пријателството со бившиот ви е осудено на неуспех.

1. Може пак да бидете интимни

Само затоа што не успеало да бидете заедно како пар, не значи дека привлечноста меѓу вас исчезнала. Најверојатно врската не е завршена поради сексот. Всушност често тоа останува како нешто најубаво што се случило меѓу двајцата. Затоа е лесно да оправдате една ноќ помината заедно. Но најчесто едната ноќ се претвара во две, и понатаму води до воспоставување на повторни односи кои сте си ветиле дека нема да ги повторувате.

2. Како да продолжите понатаму ако постојано се гледате

Далеку од очите, далеку од умот - не е кажано без причина. Разделбите обично не се одвиваат безболно. Дури и да си мислите дека сте доволно силни да го заборавите, тоа станува речиси невозможно под услов да го гледате често. Баш кога мислите дека сте се ослободиле од разделбата, еве го, пак го загледувате, и пак сте во првобитната позиција.



3. Ги ставате заедничките пријатели во незгодна ситуација

Си мислите дека им правите услуга на вашите заеднички пријатели кога не ги терате да одберат страна, но ситуацијата е незгодна за сите. Многу добро знаете кои пријатели ке останат до вас а кои ќе ја одбеарт неговата страна.

4. Прашање на време е кога ќе се појави новата пријателка

Колку и да не си признаваме, сите сме љубоморни. Замислете како би се почуствувале да го видите со нова девојка или да дознаете од статусот на фејсбук дека тој веќе не е сингл. Или уште понепријатно - да го видите да си оди од забава со непозната.

5. Ако се гледате постојано не е никаква разделба

Што се менува ако продолжите да се гледате во истата социјална ситуација? Може веќе не ги минувате ноќите заедно, но сексот не е задолжителен да биде основната компонента на една врска. Нема да можете да се одделите ако сеуште сте емоционално врзани.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...