Monday, 14 March 2011 02:36 Љубов & Секс

Иако вљубеноста со текот на времето прераснува во љубов, а похотта добива некаква нова димензија, тоа што никогаш не би смеело да се занемари во врската е страстта. Убиецот на страста секако е модерниот начин на живот затоа што времето што го поминуваме со парнерот/партнерката е многу кратко. Кажете му стоп на таквиот начин на жиовт и употребете 5 секс „запалки“ кои ќе ја распламтат страста во вашиот живот...


1. Дозиран флерт
Иако флертот служи за заведување, вие употребете го за билдање на своето либидо. Невиниот флерт со други мажи/жени ќе ви ја врати самодовербата и во вас ќе ја разбуди сексуалната моќ која со текот на времето заспала. Но, бидете внимателни и паметни за да не ја поминете границата, па да ја повредите личноста со која флертувате или пак партнерот/партнерката.

2. Спиејте без облека
Ова е дефинитивно многу силно средство за заведување кое ќе го/ја возбуди вашиот маж/вашата жена. Обидете се да си легнете без облека. Голото тело под покривачот како и нежните допири со триење на кожа од кожа е совршен начин за да ја разбудите страста.



3. Интимни фотографии или видео
Речиси не постои пар кој барем еднаш не сакал да направи сопствен домашен порнич или неколку секси фотографии. Сликајте се во долна облека или пак голи во некоја заводлива поза. Тоа може за вас, но и за вашиот партнер/вашата партнерка да биде одличен потсетник за вашиот сексипил кој се уште постои.

4. Нега од глава до пети
Оддвојте еден ден само за нега на телото. Направете маникир, педикир и депилација на интимните делови од телото и бидете креативни. Повежбајте малку во теретана, ако тоа не го правите секојдневно и одржувајте се во добра форма. Нашминкајте се, направете секси фризура. Ставете од вашиот најомилен парфем и облечете секси долна облека. Тоа нека биде денот кога ќе си се допаѓате самиот/самата, а уште повеќе на вашиот партнер/вашата партнерка.

5. Бегство од реалноста

Не зборуваме за скапи патувања во тропски краишта, туку за романтичен бег од секојдневнието. Организирајте си викенд надвор од градот, најдете некоја тивка и романтична дестинација делку од луѓето и цивилизацијата и поминете го викендот во креветот на некој хотел. Тоа во вашиот живот ќе внесе малку промени и може да биде многу корисно за вашиот сексуален живот.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...