Monday, 07 March 2011 11:36 Љубов & Секс

Мажите со длабок глас и жените кои имаат висок глас ги доживуваме како склони на неверство...


Жените кои имаат висок глас и мажите со длабок глас почесто се одлучуваат на изневерување, соопштиле канадските истражувачи во најновата студија објавена во медицинското списание "Еволутивна психологија".

Испитаниците во студијата слушале две верзии на електронски модифициран машки и женски глас, а анализата од добиените резултати покажала дека жените мислат дека мажот со длабок глас има повеќе можности да биде неверен.

Мажите кои учествувале во истражувањето изјавиле дека жените со висок глас имаат поголеми шанси да ги изневерат партнерите.

Врската меѓу бојата на гласот и неверството се објаснува со хормоните, рекле истражувачите од универзитетот Макмастер во Хамилтон.

"Мажите со високо ниво на тестостерон (машки полов хормон) имаат длабок глас, а жените со високо ниво на естроген (женски полов хормон) имаат висок глас", објаснува д-р Дејвид Фајнберг кој учествувал во истражувањето.

"Неверството има емотивна и финансиска цена, а често доведува до распад на семејството. Поради тоа за време на еволуцијата, научивме како да ги препознаеме потенцијални неверните партнери, и така се развива некој вид на заштитен механизам", рекла д-р Џилијан О'Конор, член на истражувачкиот тим.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...