Monday, 07 March 2011 09:55 Љубов & Секс

Дури и со најдобрите намери, мажите понекогаш знаат да кажат реченици од кои на жените им се крева косата на главата или го означува алармот за почеток на кавгата. За да го избегнете тоа, обидете се некако да ги премолчите 5-те непожелни реченици во вашата врска...


Прва реченица
„Не ми се допаѓа таа сукна (или било кој дел од облеката)“
И додека мажот поминува максимум 30 секунди во облекување, проверувајќи дали на него се е само чисто и испеглано, жените можат да поминат часови и часови размислувајќи за својата модна комбинација. Доколку таа облече нешто што не ви се допаѓа, бидете тактични и кажете и дека ја обожавате во некоја друга облека.

Втора реченица
„Леле, таа е секси“ или „Ајде да пробаме тројка“

Доколку не размислувате и кажете вакво нешто, партнерката речиси 100% ќе помисли „Јас не сум му доволна“. За да сфатите како таа се чувствува, замислете обратна ситуација и ќе сфатите каква глупост сте рекле. Доколку сакате да избегнете ваква ситуација, и доколку вашата драга ве праша дали некоја нејзина пријателка е секси, тактично одговорете потврдно, но секогаш истакнете дека ја сакате само неа.



Трета реченица
„Јас тебе не те заслужувам“ или „Заслужуваш подобар од мене“
Дури и да е тоа точно, зборувајќи и дека е надвор од вашата лига може само да ја увери во тоа што го зборувате. Тогаш можеби веќе и чувствува дека може да има подобар дечко од вас. Меѓутоа, таа во вас гледа нешто што не го препознава кај другите мажи - можеби вашиот хумор, шарм, вашата способност да ја направите среќна жена. Не потенцирајте ги вашите проблеми или недостатокот самодоверба, затоа што ако и дадете причина, може навистина да ја употреби како причина за заминување.

Четврта реченица
„Имаш ли Пред Менструален Синдром?“
Доколку забележите дека е нерасположена, немојте никогаш да го поставите оваа прашање. Наместо да ги потенцирате причините, и со самото тоа да доведете до расправија, обидете се да воспоставите комуникација и да ја натерате вашата партнерка да зборува за своите проблеми.



Петта реченица
„Сврши ли?“ или „Беше ли добро?“
Доколку во сексот уживате и двајцата, нејзините воздишки зборуваат повеќе од зборови и затоа никогаш немојте да поставите такво глупаво прашање.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...