ВИЦ
Најголемата црногорска желба:Секој нареден ден да е недела, а секој ден меѓу недела да е државен празник. ТОП ВИДЕО |
Friday, 04 March 2011 15:34
Љубов & Секс
Расправиите и караниците со партнерот не се ништо невообичаено, но со погрешно одбрани зборови предизивикани од нервоза или лутење можат и тоа како да ги искомплицираат работите. За да спречите караницата да прерасне во борба обидете се да го најдете вистинското оружје кое ќе ги смири страстите. Ова се 20 фрази кои ги решаваат караниците... Иако е многу тешко да се попушти насреде жестока расправа, ако сакате да ги решите несогласувањата со партнерот треба да размислите добро за тоа што следно ќе кажете кога ќе треба да ја „предадете топката“. АКо се најдете во таков проблем, обидете се да ја ублажите ситуацијата со некоја од овие фрази: „Чекај, сепак малку претерав.“ „Не барам од тебе да го решиш проблемот, туку многу полесно ми е кога ќе ти кажам.“ „Те молам, сослуши ме до крајот, ова ми е многу важно.“ „Гледам дека навистина си во тешка ситуација.“ „Имаш право, не размислував за тоа на тој начин.“ „Можеби не сум во право.“ „Во ред. Ајде да се согласиме дека не се согласуваме околу тоа.“ „Тоа не е само твој проблем, тоа е наш проблем.“ „Чувствувам дека не го цениш моето мислење.“ „Тоа веќе не е тема на расправата.“ „Ме увери.“ „Те молам, зборувај со мене.“ „Знам дека не си ти крив/а.“ „Не сакав така да излезе.“ „Добро, и јас сум крив/а.“ „Зошто воопшто се караме околу тоа?“ „Можам ли нешто да направам за да ја поправам ситуацијата?“ „Извини.“ „Те сакам.“ |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|