Tuesday, 22 February 2011 08:12 Љубов & Секс

Со истражување е добиена листа на облека кои мажите ги сметаат за најсекси на жените. Избрани се оние пет од кои тие би биле воодушевени поради изгледот, а жените поради удобноста. Ви приложуваме комбинации кои ги прават среќни и мажите и жените.

1. Тесна тренерка

Удобна, ја следи формата на телото, а изгледа и како нешто што лесно се соблекува. Делумната примамливост на жените во тренерки лежи во тоа што во тренерка жената се чувствува удобрно и затоа зрачи со самодоверба и опуштеност.

2. Едноставно фустанче

Фустаните со премногу додатоци, колку и да им се секси на жените, знаат да изгледаат одбивно. Ако изгледате како да се спремате за излегување во театар - блескаво и накитено - тоа може да изгледа токму спортивно. Едноставно фустанче кое открива и покрива доволно ќе биде посекси од ултра краток блескав фустан со безброј додатоци. Нека косата и лицето бидат поголем украс отколку облеката. Тоа е она што ги доведува до лудило.

3. Шорцеви и бела маичка

Шорцевите кои не се претесни и премногу тренди, туку едноставно ја следат линијата на телото и добро одговараат изгледаат неодоливо. А во комбинација со едноставна тесна бела маичка изгледаат природно и оддаваат едноставен, а чист сексипил во стилот: „Можам да изгледам добро без вештачки припреми.“

4. Сукна до колена и класични потпетици

Иако е врежено мислењето дека мини сукните се најпопуларни за облекување кај спротивниот пол, докажано е токму спротивното. „Кога се е откриено, нема веќе простор за фантазирање“, се согласуваат поголемиот број мажи. А превисоките потпетици изгледаат премногу упадливо и воопшто неудобно. Затоа комбинацијата на тесна сукна до колена и стандардни потпетици е изглед на интелектуална и првилечна жена која секој маж би ја посакал.



5. Удобна долна облека

Удобното не секогаш значи големо и старомодно. Кога станува збор за долна облека, најдобра комбинација би изгледала вака: не со големина на поштенска марка ниту со големина на падобран. Едноставно, романтично, секси, а сепак удобно, ете така треба жената да се чувствува во својата долна облека и добро да изгледа. Премногу непотребни додатоци и непристојна големина го рушат тој изглед.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...