Заборавете на помагалата и набилдајте го своето либидо на природен начин...
Доколку сакате да го зачинете својот љубовен живот, морате да знаете дека природните авродизијаци се кријат во вашата кујна, само треба да ги препознаете. Направете ручек или десерт кој ќе го воодушеви вашиот партнер, но и вас и ќе ја доведе вашата интима во целосно нова димензија.
1. Шпаргла (аспарагус)
Аспарагусот е богат со витамин Б кој го поттикнува производството на хистамин. Вистинското ниво на хистамин ја зголемува сексуалната желба кај мажите и жените.
2. Семки од тиква
Семките од тиква се богати со цинк и ја регулираат работата на жлездите на простатата. Но цинкот е многу значаен и за зголемување на либидото кај жените. Семките од тиква се богати и со омега 3 масни киселини кои се многу важни за вашето сексуално здравје.
3. Авокадо
Авокадо е тропско овошје кое содржи големи количини на фолна киселина. Авокадото ја зголемува количината на енергија и здрави масти, што резултира со добро расположение, кое е неопходно за страсните моменти.
4. Сина риба
Океанските риби како сардини, ситна риба или туна се богати со омега 3 масна киселина, па затоа се препорачуваат како одличен афродизијак кој гарантирано го покренува сексуалниот нагон. Мастите се добри за мозокот бидејќи го поттикнуваат памтењето, го подобруваат расположението и се одличен борец против депресија.
5. Темно чоколадо
Темното чоколадо е миленик на многумина, и е најдрагиот и највкусен афродизијак. Темното чоколадо е богато со фенилетиламин - хемикалија во која се верува дека создава чувство на вљубеност. Истражување покажало дека жените кои секојдневно конзумираат чоколада, имаат подобар сексуален живот од оние кои тоа не го прават.
6. Боровинка
Уште едно вкусно овошје што ја зголемува енергијата со покревање на нивото на невротрансмитерот допамин во мозокот, што полека се губи со годините. Боровинките го подмладуваат нашето тело и мозок, што е многу корисно и во зголемување на либидото.
7. Лубеница
Лубеницата содржи фитохемикалија цитрулин, која во организмот се претвара во аминокиселина агринин. Агрининот има својство на опуштање на крвните садови, кои влијаат на либидото, баш како вијаграта.
8. Лук
Иако не звучи и не мириса како афродизијак, оваа многу здрава храна е моќен подобрувач на страста. Лукот е богат со алицин, соединение кое ја зголемува циркулацијата и протокот на крвта во сексуалните органи. Но, припазете на мирисот кој не е примамлив, па попрво земајте го во облик на капсула или готвена храна.
9. Остриги
Овие ценети школки се богати со цинк кој има важна улога во производството на тестостерон и здрава сперма, и го поттикнуваат создавањето на допамин, хормон кој го покренува либидото кај мажите и жените.
10. Кикирики
Ги сакаат и старите и младите, и делуваат помоќно отколку што мислите. Состојката л-аргинин, со која кикириките располагаат, ја зголемува сексуалната функција кај мажите, па со самото тоа е одличен афродизијак.