Monday, 14 February 2011 10:40 Љубов & Секс

Нешто ново, нешто што сте мислеле дека не можете да го направите, нешто што попрво би го заборавиле, нешто лудо и незаборавно - сите тие се моменти во сексуалниот живот кои повремено морате да си ги дозволите...

Со тек на време вие и вашиот партнер се менувате, па така и вашата врска, како на интелектуално, така и на емоционално ниво. Промените се одразуваат и на вашиот сексуален живот. Но, затоа што секоја фаза има свои убавини, така е и во сексот - постојат видови секс и моменти во него кои, ако досега не сте ги испробале, морате да го сторите тоа.



1. Поместување на границите
Сакате нешто ново, невообичаено, а не знаете како да му го кажете тоа на партнерот или ви е непријатно? Секоја промена со себе носи страв од новото. Но, во сексот тоа може да биде токму спротивното. Со испробување на нешто ново со партнерот (па дури да станува збор и за позиции или локации) само ја зацврстува вашата врска затоа што заедно го поминувате тоа чувство на нервоза и неизвесност, но и големо возбудување, што ја изградува меѓусебната доверба и зацврстува вашата интима.

2. „Обработување“
Невозможно е секогаш да бидете расположени за игри во креветот, а кога би ги чекале моментите кога се е совршено, би немале со што да се пофалиме. Но, искуствата покажуваат дека сексот и без преголема волја значајно влијае на поврзување на партнерите подоцна. Развиената блискост и чувството на заедништво и поврзаност се чувства кои се неизбежни после сексот. Според тоа, дури и ако не сте расположени за разменување нежности, подоцна ќе ви биде повеќе од мило што сте се препуштиле.



3. Смешни ситуации
Звуковите и движењата поради кои попрво би пропаднале во земјата кога се случуваат за време на сексот, и тоа како ги зачинуваат страстите. Како и во секојдневниот живот, колку повеќе непријатни ситуации проживеете зедно, толку подобро ќе се познавате и ќе бидете поопуштени со партнерот. А со тоа ќе имате и повеќе доверба еден во друг, што ја продлабочува вашата интима и блискост и препознавањето на желбите на едниот од страна на другиот.

4. Секс на одмор
Промената на местата, опуштеноста и оддалеченоста од грижите и уживањето во новото опкружување се најдобри афродизијаци. Дозволете си почесто бегство од секојдневието, дури и со обично одење на излет во блиско место каде никој не познавате. Испитајте ја плажата, хотелот или природата на најдобар можен начин - поради количината на адреналин и испробување на нови работи, возбудата ќе биде на највисоко ниво и секогаш ќе доживевате ноќ (или ден) за паметење.



5. Слатка дремка
Знаеме дека некогаш само патувањето е поважно од целта. Иако оргазмот е кулминацијата на љубовниот чин, доаѓањето до него е исто така волшебно. Водење љубов пред спиење, кога сонот полека ви доаѓа на очите, е најубавата дремка - не морате да го дочекате оргазмот, преминувањето од јаве во сон ќе биде кулминација само по себе.

6. Секс за смирување

Неколку моменти по остро расправање лесно ќе се најдете на врвот на страста со истата личност со која штотуку сте размениле подолга листа на грди зборови. Што е толку култно во сексот по кавгата? Во моментот по расправањето сме лути, повредени и ранливи, што е совршен предуслов за „утешна прегратка“. Исто така, во неволја и секое непријатно чувство, човечките суштества меѓусебно полесно и посилно се поврзуваат и чувствуваат интензивна поврзаност. А комбинацијата на сите овие силни чувства е токму тоа што ве води до секс по кавгата.



7. Утешен секс
Ако се чувствувате осамено, повредено, депресивно или потиштено, најдобар лек за се наведено е токму спротивното од тоа - топлина, љубов и заедништво. А сето тоа со себе го носи токму размената на страсти во прегратката на саканата личност. Исто така, во ранливи моменти потребен ни е допир со светот преку други луѓе, за повторно да се чувствуваме живи. Наместо да дозволите губитокот и проблемите да ве раздвојат, искористете го сексот како нишка која повторно ќе ве поврза со саканата личност.

8. Лудо и незаборавно
Колку и долго да сте во врска, со спонтан и неконтролиран секс страстите секојпат ќе се враќаат повторно и ќе ве потсетат на онаа почетна фаза од врската - кога сте биле лудо вљубени и незапирливи. Заборавете на рутината и правилата од време на време и едноставно бидете спонтани, испробајте нешто ново и необично и дозволете си вртоглавица од возбудување.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...