Thursday, 10 February 2011 17:24 Љубов & Секс

Планирате ли да ја изненадите вашата партнерка со специјален подарок кој ќе ја опише вашата љубов кон неа, бидете внимателни за да не постигнете спротивен ефект. Со оглед на тоа дека мажите и жените функционираат на потполно различни начини, дознајте кои подароци се наоѓаат на црната листа...


Прегратка

Ако сте разговарале со партнерката за подарок за Свети Валентин и сте дознале дека таа е скромна и не сака ништо друго освен вашата љубов, не паѓајте на трикови. Најлошото што можете да го сторите е да се појавите пред нејзини очи со празни раширени раце, спремни за прегратка и бакнеж.

Книга за да си помогне самата

Уште еден катастрофален подарок кој во дадениот момент може да ви звучи ласкаво или корисно, но всушност е целосно промашување со кое можете да ја навредите партнерката. Подобро продолжете ја потрагата по нов, поромантичен подарок.



Фејсбук апликација за Свети Валентин

Иако звучи симпатично, не е ни малку романтично, туку станува збор за чиста мрзливост. Ако ви е грижа за личноста, обидете се и направете малку повеќе од две кликнувања со глувчето.

Подароци поврзани со слабеење

Забрането подрачје во кое не смее да влезе ниту еден маж. Килограмите се многу чувствителна тема за речиси секоја жена, па ако сте слушнале дека би сакала да купи CD со вежби од Синди Крафорд или одлични растителни таблети за слабеење со кои добивате антицелулитна крема, верувајте, тоа не е подарок кој жената сака да го види за Свети Валентин.

Домашно милениче

Живо суштество е голема обврска, која бара многу грижа и внимание. Ако пред тоа не сте разговарале сериозно со партнерката на таа тема, не бидете неодговорни затоа што папагал, кученце или маченце со голема црвена машна можат лесно да завршат како вашо милениче или уште полошо, во организација за напуштени животни.



Канцелариски прибор

Оваа подточка нема потреба подетално да се објаснува, само сетете се на зборовите на жената: Ниту во сон! Селотејп, пенкала и фломастери купете им на децата на соседот, а не на партнерката за денот на вљубените.

Пригодни бомбониери

Бомбониерите во форма на срце, со натпис „Те сакам“ или „Ми требаш“ веќе се ислишен подарок кој вели: „Не се обидов ни малклу!“. Заборавете ги американските филмови и вратете се во реалноста.



Истите меки пижами

Свети Валентин би требало да биде романтичен, но и страствен ден кој долго ќе се памети. Меките пижами оставете ги за дваесет и петтата годишнина од бракот.

Сет за депилација

Овој подарок може да биде многу навредлив. Влакнетоста со килограмите се најлошите непријатели на жената затоа не го споменувајте, посебно не за време на најромантичниот ден во годината.

Шеговити подароци

Можеби вам и на вашите пријатели ви изгледа многу симпатично да и поклоните палка со натпис „срцекршачка“ или перниче кое испушта звуци на испуштање гасови, но ова е еден од најлошите подароци, и подобро зачувајте го за вашите пријатели и за 1-ви април.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...