ВИЦ

Разговараат две пријателки:
- Баш би сакала на маж ми да му купам некоја вратоврска која ќе му ги истакне очите.
- Па секоја вратоврска може да му ги истакне очите на мажот, само треба повеќе да му ја стегнеш!

ТОП ВИДЕО

ДЕВОЈКА НА ДЕНОТ

Thursday, 03 February 2011 12:58 Љубов & Секс

Дали ќе ви успее врската со партнерот во кој сте заљубени до уши или нема да ви успее, зависи од редоследот на вашите раѓања...

Психолозите тврдат дека освен на карактерот, редоследот на раѓање влијае и на кариерата и на љубовните врски...

Во морето совети кои можат да ви помогнат да откриете дали вие и вашиот партнер сте пар од соништата може да ви помогне и податокот за редоследот на вашите раѓања. Во зависно од тоа дали сте најстарото, средното или најмалото дете во семејството треба да си го бирате партнерот.

Доколку сте вие првородени, а вашиот партнер е најстарото дете во семејството нема причина за грижа затоа што вашата врска е предодредена за успех, но доколку и двајцата сте единствени деца би можеле да наидете на проблеми.

Иако семејството најмногу влијае врз градењето на карактерот и тоа до седмата година од животот на детето и редоследот на раѓање е важен фактор кој влијае врз карактерот.

Доколку за време на запознавањето на потенцијален партнер дознаете дека е првородено, средно или најмало дете во семејството тоа може да ви помогне во откривањето на неговите карактеристики и начинот на кој ќе комуницирате со партнерот.

Доколку вие сте првородени, а партнерот најмало дете во семејството, едноставно ќе уживате во спротивностите кои се привлекуваат. Ова е одлична комбинација и врска која има големи изгледи за успех. Најстарото дете во семејството е одлично организирано и грижливо, а најмалото сака да ужива во туѓото внимание. Со други зборови, вие сакате некој за кого ќе се грижите, а партнерот сака некој кој ќе се грижи за него.

Меѓу најкомплицираните врски спаѓаат оние помеѓу двајца првородени. Таквите личности сакаат да се натпреваруваат и да бидат главни, па конфликтите се многу возможни затоа што секој ќе сака неговиот збор да биде последен. Оваа врска може да успее доколку двата партнера ги почитуваат желбите и потребите на оној другиот.

Врската меѓу првороден и единствено дете е одлична комбинација затоа што првородените ќе имаат разбирање за чувствата и потребите на единственото дете.

Среднородените се одлични партнери за се затоа што се навикнати на компромиси и попуштања за да одоброволат на постарите и помладите браќа и сестри, а нивната врска со првороден може одлично да функционира затоа што ќе попуштаат и ќе им дозволуваат на првородените да бидат главни.

Доколку среднороден се најде во врска со најмалото дете во семејството и таа врска ќе функционира одлично затоа што таа личност ќе му дозволува на партнерот кој пораснал како најмало дете да ги следи своите соништа и ќе го поддржува во тоа.

Врската меѓу двајца среднородени партнери може да функционира, но проблемот кои би го имале е неодлучноста поради што може да им биде тешко да донесет заедничка одлука.

Среднороден и едниствено дете исто така одлично ќе функционираат. Единственото дете ќе сака да биде водич, а партнерот кој е навикнат на компромси ќе му го дозволи тоа со задоволство.

Врската меѓу две најстари деца во семејството се гаранција за хаотична заедница, додека комбинацијата на најстарото дете и единствено дете е добра.

Најтешко ќе успее врската меѓу две единствени деца затоа што и на двајцата партнери навикнувањето на животот покрај некој друг ќе биде нешто ново. Двајцата ќе сакаат да бидат главни и тешко ќе ги земаат во обзир желбите на оној другиот.

Единствено е сигурно, дека ако знаете дали вашиот партнер е првороден или најстаро дете што ќе може да ви помогне во предвидувањето на вашата врска, но постои уште цела низа карактерни црти, мани и доблести на кои едноставно нема да можете да им одолеете. Вие на вашиот партнер, и вашиот партнер на вашите.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...