Thursday, 27 January 2011 14:52 Љубов & Секс

Љубовните врски се апсолутно една од најкомплицираните работи во животот. Но, радоста која можат да ја пружат пак е една од најубавите. Испитувајќи ги паровите кои се во среќна врска и нивните совети за успешни односи, пронајдени се некои заеднички особини кои можат да послужат како рецепт за среќна љубовна врска...


1. Слободен разговор

Не мора да имате некоја „паметна“ тема за да започнете разговор со вашиот мил или мила. Ако само зборувате за тоа како ви поминал денот и ги споделите повеќе или помалку среќните моменти со партнерот, вашиот однос ќе има поголема шанса за одржување на онаа блискост од почетокот на врската. Комуникацијата влијае на блискоста и довербата меѓу партнерите, поради тоа е важно да се дозволи со тек на време да се создаде ѕид на молчење затоа што мислите дека немате доволно интересни теми за разговор.



2. Поврзаност со пријателите

Ако вие сте си најдобри пријатели еден со друг и не им дозволувате на други личности да заземат поважно место во вашиот живот, тогаш и двајцата го носите товарот на една личност во животот. Дозволете им на пријателите и на новите познаници понекогаш да го исполнат вашето време и не дозволувајте еден од вас да мора да се грижи дали вашиот/вашата партнер/партнерка се досадува додека вие поминувате вечер во друштво со пријателите.



3. Благодарност

Тоа што ќе го зголеми меѓусебното почитување во врската е благодарноста. Благодарноста за сето тоа што го правите еден за друг, од ситници како што се спремање на утринско кафе, па се до малку поголеми жртвувања. Обидувајте се секој ден да запишувате поради што сте тој ден благодарни на својот партнер и ќе видите дека ќе имате многу причини за среќа. И се разбира, дадете и до знаење на вашата друга половина колку го цените сето тоа што допринесува на вашата заедничка среќа.



4. Распределување на страста

Колку што подолго се занимаваме со нешто, тоа со тек на време ни станува помалку интересно. Тоа правило важи и за врските. Сосема е природно страста во врската со тек на време да стивне, но потребно е да го свртите вниманието и љубовта на некои други работи во животот освен кон партнерот. За да ја задржиме „свежината“ што ја има во почетокот на врската, потребни се моменти на разделеност и време за себе т.е. занимавање со други работи кои исто така не исполнуваат и радуваат, а не се поврзани со секојдевното опкружување и близината на партнерот.



5. Ситници што усреќуваат


Дозволете си време за бегство од вообичаеното. Заедно испробувајте нови рецепти, дозволете си заедничка масажа или едноставно ручајте на балконот наместо во трпезаријата. Таквите ситни промени ќе делуваат освежувачки на вашиот однос и ќе ви ги разубават заедничките моменти, кои имаат рутина на едни од најголемите непријатели.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...