Една од основните предности на долгата врска е фактот, што имате редовен секс. За мажите овој аспект на врската е од огромна важност. Сепак, жените можат да го користат сексот и како оружје против партнерот...
Некои жени свикнале да го избегнуваат сексот со партнерот, додека други жени одбиваат поради одредени причини. За мажите, одбивањето е како груба и неочекувана казна.
Еве дел од причините кој можат да ја натераат вашата партнерка да одбие секс.
Лута е...
Овој случај е најчест и најкористен од жените. Ако сте направиле нешто и сте ја налутиле, може да се однесува жестоко со вас и да заспие нервозна. Сексот е последно нешто што таа сака да го прави кога е нервозна, тажна или збунета.
Решението во овој случај се наоѓа во брзото пронаоѓање на проблемот, кој ги предизвикал негативните емоции и неговото решавање.
Се обидува да ве контролира...
Ако жената се отстранува од партнерот, можеби се обидува да доминира врз него и врската. Ако има дел од врската, во кој жената се чувствува како господарка, тогаш сигурно станува збор за сексуалната сфера. Жената може да се воздржува од секс, само и само, за да докаже кој е "шефот" во креветот. Ова однесување може да биде поттикнато од различни фактори, како арогантен шеф, доминантна девојка или ако е понижувана од пријателите или родителите.
Решение на проблемот би било признание и комплименти, поврзани со нејзината сексуалност. На овој начин, таа ќе разбере дека повеќе нема потреба од докажување.
Манипулира со вас...
Друга причина поради која жените одбиваат секс, е уценувањето. Кога ниту еден метод, за да добие нешто од вас не работи, жената може да ви ги одземе сексуалните привилегии, се додека не почнете да и се молите.
Најлесен начин да го решите овој проблем, е да и го дадете тоа што го посакува. Ако тоа не е возможно, обидете се со нешто слично.
Досаден си...
Жената може да го избегнува сексот, затоа што не и се допаѓа. Некои жени не сакаат да зборуваат за секс со партнерите, особено ако тоа е посебен проблем. Во тој случај, обидете се да предложите нешто ново на сексуален план. Можеби инспирација ќе најдете во посета на секс шоп или пак книга со сексуални совети. Ако партнерката види дека, правите напори за да ги промените нештата, може повторно да се врати среќна во креветот.
Уморна е...
Постои веројатност партнерката да одбие секс, поради тоа што е исцрпена од умор. Активностите, што таа ги врши, можат да бидат далеку поисцрпувачки за разлика од вашите.
Најдобро решение би било, да користите релаксирачка терапија, пред да и предложите нешто друго.
Подгответе и топла бања и направете и масажа, Ако вашата партберка се опушти, ќе се чувствува посекси.
Ве изневерува...
Потполно е возможно жената да одбива секс, бидејќи повеќе се интересира од секс со друг маж. Ако ситуацијата е таква, тогаш имате поголеми проблеми со недостаток на секс во врската.
Ако жената ве изневерува, тогаш морате да донесете важна одлука, дали вреди да продолжите со врската или да продолжиш сам понатаму.