Friday, 08 October 2010 11:33 Љубов & Секс

Пред се нежност. Добриот секс на прво место го ставаат само 2% од припадничките на убавиот пол...


Мажите кои се грижат поради своите (не)вештини во креветот, можат да воздивнат: повеќето жени нежноста во врската ја ставаат на прво место.

Новото истражување покажало дека жените почесто ја раскинуваат врската поради недостатот на рабирање и нежност, отколку поради лошиот сексуален живот.

Повеќе од 50% од дамите кои учествувале во анкетата на магазинот "El" како најважен елемент на добрата врска ја сметаат нежноста, а добриот секс бил пресуден само за 2% од жените.

Најчестата причина за прекинување на врската за 38% од жените бил недостатокот на емотивна поддршка, и повторно само 2% ги наведувале проблемите во сексот.

"Денес младите жени се еден вид на освежување на модерните традиционалисти. Не се откажуваат од она што им е важно, не ја занемаруваат потребата да бидат независни, но исто така сакаат и да ја задоволат и својата потреба за љубов и врска", вели психологот Сали Брамптон.

Резултатите од истражувањето покажале дека 85% од жените не веруваат дека постои "совршена врска", но и дека дамите не се откажуваат од романтиката, бидејќи емотивното рабирање и блискоста помеѓу партнерите ги означиле како најважни фактори за врската.

Се покажало дека жените денес многу повеќе се плашат од онлај изневерувањата отколку физичките.

"Изненадува податокот колку интернетот влијае на врските и односите", вели Брамптон, додавајќи дека жените сепак, дури и во модерен контекст кој го донесува современата технологија, останале верни традиционалисти, кога станува збор за врските и бракот.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...