Како мажот го поминува слободното време, открива многу за него како личност. Спортот со кој се занимава може да ги открие неговите натпреварувачки предности, животните приоритети и карактерните црти...
Фудбал
Фудбалот е дефинитивно еден од најпопуларните спортови во светот, а го сакаат и традиционалните и малку суеверните мажи.
Но, овој спорт учи на тимска работа и натпреварувачки дух, па можете да очекувате искрен пријател и човек од доверба, но внимавајте, мажите кои ја сакаат фудбалската слава, можат лесно да бидат погодени во глава.
Голф
Иако тоа не чини, ова е спорт кој го сакаат малку фрустрираните луѓе. Доколку некој маж го сака овој спорт, или е многу натпреварувачки настроен и копнее за победа, или едноставно се преправа дека сака голф, само за да излезе од дома секој викенд.
Но, судејќи по цената на опремата за овој спорт како и наемот кој не е ефтин, мажот кој планира да се занимава со овој спорт, подобро да ужива во тоа.
Триатлон
Како што говори и самото име, станува збор за три спорта оддеднаш - пливање, велосипедизам и трчање. Љубителите на овој спорт сакаат предизвици на разновидност и промени.
Дали тоа значи дека не сакаат долги врски или неможат да бидат верни, не знаеме, но доколку планирате нешто посериозно со некој триатлонист, секако подгответе се за влажна забава за која ќе ви требаат добри чевли.
Тенис
Ова е многу напорна физичка дисциплина, што значи дека тоа е спорт, кои го сакаат самоуверените, независни и многу активни луѓе.
Ако имате врска со тенисер, бидете сигурни дека тој е маж кој не се срами да заплаче и да покаже чувства, но тие не се плачковци и меки личности, туку сентиментални и многу силни индивидуи.
Пинк Понг
Ова е олимписки спорт кој привлекува мажи кои се многу социјални.
Дали и вашиот партнер се занимава со овој спорт, заљубени сте во психички силен маж кој знае што сака, сака да работи по свое и не подлегнува на трендови.
Покер
Иако покерот не бара физички напор и кондиција и не звучи како спорт, оваа игра на карти е се попопуларна, а бара концентрација и трпеливост, но и натпреварувачки дух.
Станува збор за личности кои можат да седат со часови во тишина, максимално посветени на играта. Планирате ли да излегувате со ваков фраер, ќе ви требаат дебели нерви и многу толеранција.
Хокеј на мраз
Хокејот е многу популарен спорт. Мажите кои го сакаат овој спорт, ја сакаат зимата и ниските температури.
Хокејот бара лојалост и тимска работа, па ако сте одбрале партнер хокеар, секако сметајте дека во него можете да имате доверба.
Кошарка
Кошарката е спорт кој секогаш ќе има свои обожаватели. Мажите кои го сакаат овој спорт имаат изразен натпреварувачки дух.
Тие се многу енергични и весели, па бидете спремни на "акција" во било кое време од денот.