Градот е полн со девојки, а ти си сам бидејќи незнаеш како да и пријдеш на онаа која ти се допаѓа...?
Еве неколку совети:
Работи на себе
За да те забележи некоја убавица, мораш некако да се одделуваш од останантите мажи. Ако тоа не е неодолива убавина или атлетска градба, мораш да ја освоиш со шарм. Како стоиш со познавањето на филмските и книжевните класици? Колку јазици зборуваш? Каква музика слушаш? Имаш ли хоби ? Одговори искрено на овие прашања и пополни ги "дупките" пред да тргнеш во лов.
Тоа не значи дека само интелектуалците ги шетаа убавиците, туку мажите сигурни во себе, оние кои не се потпираат на скапи автомобили и набилдани мускули кои можат да помогнат, но не се гаранција дека убавицата ќе остане долго крај нив.
Работи "онлајн"
Ако сте премногу срамежлив, вежбајте на интернет. Отворете профил на некоја од социјалните мрежи и почнете со додворување. Флертувањето, повиците на излегување, одбивањето...се е лесно кога си скриен зад екраните. Интернетот е одличен начи да се подготвиш за реалниот свет и девојките во него
Работи проверено
Првата реченица е најтешка, затоа се дружи со проверени: "Дали можам тебе и твоите пријателки да ги почастам со пијалок", "Дали можеме да се запознаеме". Јас сум..., подади ја раката на девојката во автобусот.
Што и да кажеш, потруди се да не делуваш како манијак со нервозен поглед. Мора да делувате опуштено, весело и пријатно.
Работи искрено
Без оглед на тоа колку ти е грижа да ја импресионираш девојката која си ја запознал, немој лажно да се претставуваш. Биди тоа што си. Не измислувај неверојатни приказни за големи патувања, дипломи, медали и вештини кои ги знаеш.
Порано или подоцна сите ќе откријат, а тогаш нема спас. Лажговците не се привлечни.
Работи брзо
Додворувањето е романточно, но ризично доколку трае предолго - таа може да се предомисли и да отиде со некој поодлучен или погрешно да те свати - како пријател кој нема намера да ја "има".
Ако за време на додворувањето со тебе се смее, значи дека вие и сте пријатно друштво. Разменете уште неколку реченици, а тогаш побарајте го нејзиниот телефон. "Би сакал повторно да те видам", нека биде реченицата со која ќе започнеш. Ако одбие не се откажувај - напиши го на парче хартија својот број, емаил адреса, со кој аќе може да те побара на Фејсбук, Скајпи... Почекај неколку дена, ќе те побара.
Работи реално
Тоа што ќе и пријдеш не значи дека се понижуваш и дека од неа зависи се. Зборувај така како и секогаш, не со посебна боја на гласот. Ти не сте просјак, ти си маж кој знае што сака и како тоа да го добие.
Дај и до знаење дека ти се допаѓа, но не и дека ќе умреш ако те одбие. Настапи сигурно, отворено, а затоа дај и простор да одлучи дали сака да биде со тебе и да продолжи со конверзацијата или не.
И што е најважно не очајувај - ако таа несака, има некоја што сака. Биди стрплив.