Има ли љубов на општите места, и зошто воопшто служи ова чувство...?
Зошто сите сонуваме за голема љубов ?
Со цел да бидеме среќни во животот потребно ни е да имаме нешто да правиме, некого да љубиме и за нешто да се надеваме. Нема кој не сонувал за голема љубов. Научниците тврдат дека сме сколни на вакво размислување поради вродениот нагон да пронајдеме некого и да создадеме потомство. Недостатокот на љубов може да се претвори во болест. Љубовните страдања, придружена со депресија е тесно поврзана со ниските нивоа на серотонин во телото.
Зошто се заљубуваме?
Не затоа што не погодила Аморовата стрела, туку за да преживееме. Заљубеноста служи да привлечеме личност од спротивниот пол, сексот да направиме потомство, а бракот да останеме заедно и да ги одгледуваме децата. Доволно е само неколку секунди да се заљубиме, а во тој момент стапуваат на сила моќните хемиски процеси: лачи се фенилетиламин (природна дрога која ја зголемува возбудата), допамин и окситоцин (хормони на среќата) поради кој имаме чувство дека сме во облаците и мислиме само на саканата личност.
Постои ли разлика помеѓу заљубеноста и фасцинанцијата?
Да. Искрено заљубените замислуваат заедничка иднина, додека фасцинираните мислат само како да опстанат додека не најдат некоја друга личност.
Како се чувствуваат заљубените?
Хемиската бура која се одвива во мозокот предизвикува контрадикторни чувства. Чувството на среќа, возвишеноста и оптимизмот често се испрекинати со моменти на тага и незадоволство, поготово кога не сме во состојба да процениме дали нашите чувства се возвратени. Чувствителни сме на надворешни влијанија и многу повеќе се потпираме на туѓи мислења. Ликот на саканата личност непрестано ни се враќа во свеста и развиваме приврзаност слична на опсесија.
Како се мери колку сме заљубени?
Звучи неверојатно, но научниците нашле начин да измерат колку една личност е заљубена во друга. Ако си искрено заљубен, би требало да мислиш на партнерот барем 80% од времето кое го поминуваш буден. Приврзаноста е толку силна што може да се спореди со опсесија.
Дали некои луѓе полесно се заљубуваат?
Некои се осетливи на надразнување кои го примаат од другите луѓе, а таквите луѓе почесто се заљубуваат. Природата на заљубување можа да биде и корисен пат до вистинскиот партнер. Повеќе кратки врски ни помагаат да откриеме какви особини најмногу ни одговараат и да создадеме слика за најдобриот можен партнер.
Можеме ли да се заљубиме во некој друг иако сме веќе заљубени?
Според истражувањето во кое учествувале 113 доброволци, кога сме навистина заљубени, сите други можни партнери стануваат "навидливи". Со други зборови, ни се намалува вниманието за спротивниот пол. Би можело да се каже дека заљубеноста е противотров за полигамијата. Заљубеноста ги исклучува другите партнери, бидејќи сето внимание ни е усмерено кон една личност, тоа не е случај за луѓето кои долго живеат заедно. Заљубеноста е пролазна, и често се случува мажите или жените да ги привлекува друга личност иако и понатаму се длабоко поврзани.