Постојат бројни контрацептивни средства кои не само што штитат од бременост, туку и поволно влијаат на здравјето на жените. Кои да ги изберете...?
Кондом
Кога правилно се користи, ефикасноста на кондомот е 93%. Младите најчесто се советуваат за употребата на кондом и контрацептивни таблети.
Предности: Единствен метод кој штити од полово преносливи болести, вклучувајќи и ХИВ.
Недостатоци: повремено пука, а исто така може да падне за време на сексуален однос или може да биде "ослабен" за време на контакт со крема или масла за сончање или лубрикант кои не се направени на база на вода.
Контрацептивни таблети
Најсигурен метод на контрацепција е бидејќи ефикасноста на таблетата е 99.97%. Содржи комбинација на хормонот естроген и прогрестин кои го спречуваат настанокот на овулација. Ја препишува гинеколог по детален преглед и исклучување на контрадикциите.
Предности: Можат да ги користат и многу млади девојки, а горната старосна граница е индивидуална. Го регулираат менструалниот циклус, ја намалуваат болката, ги намалуваат проблемите со масната кожа и коса, го намалуваат ризикот од гинеколошки воспалувања на внатрешните органи.
Недостатоци: Во почетокот можат да се јават несакани ефекти кои поминуваат за време на првите месеци од користењето. Вонредно крварење, главоболка и тензија во градите. Многу ретко таблетата можа да биде причина за тромбоза, но појавата на овој негативен ефект зависи од семејното оптоварување, годината на старост и телесната тежина.
Фластери
Мал квадратен фластер со импрегнирани хормони, естроген и прогести, ефикасен е во 99 посто од случаите. Се лепи на кожата на задникот, стомакот или горниот дел од телото. Се заменува еднаш неделно за време на три недели.
Предности: Не постојат обврска за секојдневно користење, како што е случајот и со таблетите. Само се лепи и стои онолку колку што е напишано.
Недостатоци:Вонредно крварење, иритација на кожата, главоболки, напнатост во градите. Симптомите поминуваат по 12 недли на употреба.
Хормонска спирала
Содржи хормон прогрестин, кој е во многу мали количини се ослободува во матката и ја спречува бременоста. На гинекологот му се потребни помалку од пет минути да ја стави спиралата во шуплината на матката, каде може да делува до пет години. Ефикасноста е 99.9%
Предности: Долготрајна и ефикасна заштита, а по отргнувањето, плодноста бргу се враќа. Овозможува заштита од карлични инфекции и ендометријален карцином. Спиралата се користи и за терапија на пролонгирани менструални крварења.
Недостатоци: Циклусите може да се неправилни, со крварење помеѓу циклусот, и постои можност на привремена отсуство на менструација. Не би требало да го користат жени кои не раѓале.
Таблета за ден потоа
Доколку девојката има незаштитен однос или контрацептивниот метод не успеал, како можност постои ургентна контрацепција. Таа е смислена како резервен метод, но никако како редовна контрацепција.
Предности: таблета за утрото после сексот може да се зема во рок од 72 часа или три дена по незаштитениот однос. Таблетата земена за овој период има можност да ја намли бременоста за 75%.
Недостатоци: Можност за привремено пореметување на циклусот, тензија во градите.