Thursday, 08 July 2010 19:33 Љубов & Секс

Љубовџиите обично користат стари штосови, но тоа не ги спречува жените да се "фаќаат" на нивните "јадици", особено на нивниот талент и самоувереност...

Независно од "нивниот талент" има јасни индикатори, кои ја откриваат искреноста и "фобијата од долги врски". Почитувани дами, ако забележите три или повеќе од долунаведените невообичаени постапки внимавате што правите!



Сите бивши биле луди

Треба да внимавате со мажите, кои тврдат дека поранешните девојки му биле "луди, психопатки или досадни". Што е заедничко во сето тоа, одговорот е едноставен, Тој. Тоа значи дека Тој никогаш немал сериозни намери.

Организира романтични вечери

Вечера на свеќи е нешто многу романтично, но ако ова се случува во оддалечени места тоа значи дека Тој несака да сретне некоја друга. Затоа кога следниот пат ќе ви предложи вечера, изберете познат ресторан или кафулето кое Тој го посетува. И се разбира, внимателно следете ги неговите реакции.

"Топли" и "Ладни" телефонски разговори

Понекогаш ви испраќа десетина "жешки" SMS-и и ви ѕвони среде ноќ, а потоа, со денови без никаква причина, ќе си молчи и нема да се јави, едноставно го нема никаде. Со денови не одговара на вашите повици и пораки, а вие се прашувате, што ли се случува со него? Тука треба да бидеме брутално искрени, Тој се среќава со друга.

Ви вметнува чувство на вина

За мажите е апсолутно нормално да легнете по првиот состанок. Но, тоа е црвен каротн, ако:

1. Постојано инсистира за интимни односи и покрај вашите обиди да го одалечите од овој предлог.

2. По секоја цена сака да ви вметне чувство на вина, ако одбивате секс, бидејќи не ги разбирате неговите потреби.

Овие работи означуваат едно, дека Тој нема сериозни намери кон вас.

Нешто ви фали во неговиот профил на "Фејсбук"

Дали во паричникот носи ваша заедничка слика? Во компанијата, дали знаат дека живеете заедно? Дали ја крие вистинската семејна состојба? Ако има нешто слично во вашите односи, тогаш имате сериозни проблеми. И уште повеќе, ако нема никакви траги од Вас во неговите лични предмети, како на пример вашиот телефонски број и името во неговиот телефон.

Неговите пријатели се однесуваат ладно

Ако неговите пријатели на прв поглед се однесуваат пријателски, но не ве прашуваат ништо за приватниот живот, за работата, за хобито, за семејството, тогаш вистината е болна: Тие не сакаат да си го губат времето и енергијата со вас, бидејќи знаат дека нивниот пријател нема никакви сериозни намери.

Жената на животот

Тој постојано вели дека вие сте "неговата жена на животот". ОК, сите се импресионирани од љубов на прв поглед, но преголемите тврдења во таа насока укажуваат на тоа дека има нешто матно во целата историја. Има нешто нечисто во тие намери. Ако Тoј постојано тврди, дека се повеќе се вљубува во Вас, обидете се да ги откриете неговите вистински намери.

Кога "тешките зборови" се користат со леснотија тоа значи дека Тој ги користи постојано... Затоа бидете внимателни !

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...