ВИЦ
- Докторе, помагај, маж ми јаде шољи за кафе... ТОП ВИДЕО |
Thursday, 03 June 2010 11:13
Љубов & Секс
Можеби неизбежно е дека со текот на времето романсата избледува, но ако имате среќа заљубеноста ќе прерасне во длабока поврзаност со партнерот... Сепак, изгледа дека тоа не се случува така лесно ниту толку често. Психолозите велат дека истражувањата покажуваат дека многу луѓе всушност се несреќни во врската, пишува Дејли мејл. Истражувањето во кое учествувале 3.000 парови покажало дека недостатокот на секс, спонтаноста и романтиката се главната причина за незадоволство кое сериозно ја загрозува долгата врска. Околу 60% од испитаниците признале за време на истражувањето дека се свесни за тоа дека има многу работи што би можеле да ги сторат за да нивниот однос со партнерот се подобри, но дури една четвртина, наместо да направат нешто во врска со тоа, ја разгледуваат можноста да го напуштат партнерот. Луѓето често се жалат на недостаток на спонтаност, недостаток на романтика, незадоволство во сексуален живот, секојдневното темпо кое не остава време да се посветиме на партнерот и лошата комуникација. Исто така, половина од испитаниците после некое време партнерот не го доживува како "привлечна и благодарна личност како на почетокот на врската". Се чини дека најголем проблем е тоа што по некое време луѓето забораваат на малите ситници, кои на почетокот првично биле спремни да ги направат за да го усреќат партнерот, како што се буќет цвеќе без посебна причина или подготовка на омиленото јадење. Кога почнуваме да се гледаме со некоја личност, сакаме да и угодиме, важно ни е се што таа има да каже, а нејзините желби се и наши, а после некое време партнерите почнуваат едно на друго да земаат здраво за готово. Сепак со малку среќа и малку напор, можеби ќе се најдете меѓу они 40% луѓе кои и после долгото време, уживаат во врската, доживувајќи го партнерот како паметна, секси, духовита и чесна личност од ден на ден. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|