Monday, 19 October 2015 09:59 Љубов & Секс

Без оглед на тоа дали сте сами или во врска, сигурно понекогаш сте верувале во невозможни нешта...



Ова се најголемите лаги во кои треба да престанете да верувате, со цел да развиете квалитетен љубовен однос:

1. Не заслужувам подобро - ваквото размислување може да ве спречи да излезете од односи што не чинат и не ве прават среќни. Луѓето што веруваат во оваа лага често трпат во врските и браковите.

2. Љубовта не е за мене - чувството дека на сите други им е судена љубовта, но не и вам, е честа појава. После неуспешните врски сме склони да размислуваме на овој начин, но со тоа си ја ускратуваме себеси можноста за да бидеме навистина среќни.

3. Подобро во лоша врска, отколку да немам никој - многумина веруваат дека е нормално да се остане со погрешната личност додека не ја пронајде вистинската. Престанете да верувате во оваа лага, бидејќи би можеле да завршите со маж што не е за вас. Во љубовта треба да се ризикува и за себе да го посакувате само најдоброто.

4. Мора да биде љубов на прв поглед - некои доаѓаат со одредени критериуми и сакаат животот да им биде филмски, па очекуваат да почувствуваат хемија веднаш. Ако не блескаат искри веднаш, тогаш не сакаат да продолжат. Тоа е погрешно, затоа што на хемијата понекогаш и е потребно време за да се развие, а на овој начин би можеле да оттргнете добар човек од себе.

5. Не сакам да размислувам за проблемот, се ќе се среди само од себе - за жал, тоа нема да се случи, ниту еден проблем што го ставаме под тепих нема да престане, туку ќе се врати кога најмалку очекуваме. Ако сте загрижени поради нештата што не чинат во вашиот однос со партнерот, игнорирањето на проблемот само ќе го одложи неизбежното - соочување со него.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...