Monday, 13 July 2015 08:27 Љубов & Секс

Без разлика дали верувате во хороскоп или не, овој текст ја содржи вистината барем до одреден степен...



ОВЕН

Верност: Ако во неговата глава има некои бубачки, се случува неверство одеднаш и не е реткост. Ако вистински се вљуби, овенот сака со сето срце.

Љубомора: 75%

БИК

Верност: Сакаат сигурност и среќа и затоа се во стабилни врски. Не се склони кон неверства и верни се. Секогаш можат да се воздржат и да му одолеат на искушението.

Љубомора: 65%

БЛИЗНАЦИ

Верност: Сакаат да бидат верни и посветени, но тешко е да им се одолее на нивниот шарм. Ако не се во сериозна врска, сакаат да флертуваат, дури и кога не сакаат ништо повеќе од дружење, што може да ја збуни другата страна. Кога вистински се заљубени, близнаците се посветуваат на партнерот и верни се.

Љубомора: 25%

РАК

Верност: Ако нивната врска е квалитетна и вредна за зачувување и одржување ракот ќе биде посветен до самиот крај. Со оглед на нивните големи барања, цврстата врска во нивните очи може лесно да се претвори во нешто што не е вредно за спасување. Ракот е верен додека е среќен.

Љубомора: 85%

ЛАВ

Верност: Со вистинските зборови и гестови, лав може лесно да се заведе, но тоа не значи дека ќе ја жртвува својата врска, туку процени што му одговара повеќе. Има големо его.

Љубомора: 80%

ДЕВИЦА

Верност: Девиците се верни и истото го очекуваат од партнерот. Овој знак може лесно да стане лабав во врската, особено ако му се допадне нечие ласкање. Тешко се вљубуваат.

Љубомора: 40%

ВАГА

Верност: Вагите сакаат да експериментираат и да ставаат се на вага општо во животот, поради што може да се каже дека не се верни партнери. Уживаат во љубовта и авантурите. Ако на некој му тргне, останува засекогаш вљубен во врската.

Љубомора: 50%

СКОРПИЈА

Верност: Скорпиите се познати како големи шармери и заводници, поради својот природен сексапил. Склони се кон авантури и сакаат да искусат нови нешта, но ако одберат партнер за цел живот, дефинитивно му се посветуваат.

Љубомора: 90%

СТРЕЛЕЦ

Верност: Општествено многу активни и познати, затоа нивната верност не е добра особина. Сакаат стабилна врска, но со текот на времето сакаат да си дозволат авантуричка.

Љубомора: 20%

ЈАРЕЦ

Верност: Цврсто стои на земја и не му требаат ласкања за да ги задоволи своите потреби. Верни се и истото го очекуваат од другиот. Подготвени се да трпат за вистинската љубов.

Љубомора: 30%

ВОДОЛИЈА

Верност: Непредвидливи љубовници, кои многу тешко се контролираат. Сакаат игрички, поради кои често заглавуваат во неверство. Многу се несигурни во љубовта, поради што стануваат ранливи и склони кон експериментирање.

Љубомора: 10%

РИБИ

Верност: Рибите се многу отворени и сакаат да пливаат во општествени и љубовни води. Врските им се долги и стабилни и кога сакаат, искрено се заљубени. Тоа го покажуваат со дела, а авантурички обожаваат.

Љубомора: 70%

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...