Thursday, 30 April 2015 12:26 Љубов & Секс

Кога ќе се венчаат на 13-ти јуни, британскиот пар Џорџ Кирби и Дорин Лаки ќе бидат најстарите младенци во светот...



Овој инспиративен љубовен пар одлучил да се заколне на вечна љубов на завидна возраст - Дорин има 91 години, а Џорџ ќе наполни 103 години на денот на свадбата.

"Мислам дека е време да се венчаме. Не ги чувствувам моите години. Со Дорин се чувствувам млад. Кога ја запросив, не клекнав, бидејќи јас мислев дека нема да можат да станам“, вели Џорџ Кирби, смеејќи се, кој е најстариот зетот во историјата на Велика Британија.

Дорин Лаки и Џорџ Кирби на денот на венчавката заедно ќе имаат 194 години, што ги прави најстариот пар во светот што се венчава.

Заедно се 27 години, се запознале преку организацијата за наоѓање на партнер за луѓе во зрели години. Од претходните бракови имаат вкупно седум деца, а животот им го разубавуваат 15 внуци и 7 правнуци.

Еве колку е возбудливо на 103 години да се влезе во трет брак, открива младоженецот на пост што го објавил на својот Фејсбук профил.

"После 27 години заедно, решив да направам чесна жена на Дорин. И затоа ќе се венчаме на 13 јуни. На тој ден ќе го славам мојот 103 роденден и ќе влезам во Гинисовата книга на рекорди, како најстариот човек во Велика Британија што влегол во брак.
Кога моите години ќе се соберат со оние на Дорин, тоа се вкупно 194 години и 281 дена, што нè прави најстар пар во светот што се венчава. Што велите на тоа", напишал Кирби.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...