Saturday, 14 March 2015 10:14 Љубов & Секс

Секој што бил во романтична врска искусил барем еднаш чувство на љубомора...



Поради љубомората стануваме несигурни, ирационални, лути и вознемирени. Во мали количини таа можеби е нормална и прифатлива, при што и одредени облици на измама не вознемируваат повеќе од некои други.

Истражувањето на Дејвид Фредерик од Универзитетот Чапман и Мелиса Фејлс од УКЛА, го потврдува верувањето дека мажите се вознемируваат многу поради сексуално и физичко неверство, додека жените повеќе ги погодува емоционалната поврзаност на партнерот со друга жена.

Испитаниците биле 640.000 хетеросексуални, хомосексуални и бисексуални жени и мажи, на возраст од 18 - 64 години. Испитаниците морале да одговорат на прашањето дали повеќе ги вознемирува фактот дека нивниот партнер или партнерка спие со некој само поради физичка привлечност, без емоционална поврзаност или партнерката се вљубува во друга личност, но да не практикуваат физичка страст?

Истражувањето покажало дека хетеросексуалните мажи во најголем процент (54%) изјасниле дека се повеќе вознемирени поради сексуалното, отколку за емоционалното неверство. Истражувачите ги оправдуваат причините за овие резултати со еволуцијата. Пред тестовите со ДНК, мажот никогаш не можел да биде сигурен дали детето што го одгледува е негово. Подигнувањето и одгледувањето на детето е голема одговорност и обврска, па еволутивно гледано, доколку не е негово, нема потреба да и помага на жената, објаснуваат научниците.

Од овој аспект, жените се плашеле дека мажот ќе ги напушти и нема да им помага во одгледувањето на детето доколку емоционално се поврзаат за друга жена.

Важната работа што ги одредува мажите е нивната сексуална моќ, затоа на мажите им е тешко кога нивната партнерка има односи со друг, бидејќи неговата способност да задоволи жена се доведува во прашање.

Од друга страна, жените се вознемируваат ако мажите ги изневерат емоционално, односно ако мажите емоционално се поврзаат со друга жена. Ова истражување не ја исклучува можноста и мажите да почувствуваат љубомора поради емоционална поврзаност со партнерката за некој друг, исто како што и жените ќе чувствуваат љубомора поради сексуално неверство.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...