Saturday, 07 February 2015 14:04 Љубов & Секс

Блогерката Ерика Џегер се развела после 20 години брак...



Во 40-те години останала сама и почнала да мисли дека жените со 40 години се невидливи за мажите. Тогаш сфатила дека секоја жена треба да ја прифати својата сексуалност без разлика на годините. Сега, кога го сфатила тоа, напишала текст за тоа кои мажи ги привлекуваат жените на нејзина возраст.

„Неодамна на Instagram ме прашаа која е првата работа што ја забележувам кај мажите. Размислував за тоа кратко. Очите? Косата? Рамењата? Ништо од тоа не е точно. Кога бев млада, ме привлекуваат високи, слаби и црнокоси. Но, сега, кога имам 52, немам свој тип. Барем не во физичка смисла. Тогаш се прашував што ги прави мажите привлечни“, рекла таа.

Така Ерика го направила список со особини.

1. Сила

„Не мислам на неговата физичка, туку внатрешна сила. Нема ништо привлечно од маж што стои цврсто на земја“, раскажала Ерика.

2. Ранливост

„Тоа значи дека тој може да ви каже што сака, од што се плаши, како се чувствува во ваше друштво и слично. Без тоа не може да дојде до интимност“, објаснува Ерика.

3. Интегритет

„Оваа особина прави разлика меѓу мажите и момчињата. Нема ништо секси во маж кој се прави нешто што не е, на кого му недостасуваат длабоки чувства и кој не се грижи за туѓи чувства“, вели таа.

4. Интелект

„Ако ме заинтригира некој маж со својот ум, не ми е важно како изгледа“, рекла блогерката.

5. Смисла за хумор

„Мажот без добра смисла за хумор за мене не е целосен маж. Никогаш не би можела да бидам со некој што е многу сериозен, со некој што ретко се смее. За мене интелектот и хуморот се неразделни“, открила Ерика.

6. Дарежливост

Добро е да се биде штедлив и промислен, но не треба да се претерува во тоа. Освен тој вид на дарежливост, мислам и на дарежливост со искажување на емоции. Не е секси да се спие со некој што ретко покажува приврзаност.

7. Сексуална самодоверба

Сексуалната самодоверба нема никаква врска со големината на пенисот, движењата во кревет и сличните стеротипи. Тоа е едноставно способност на мажот да ги прочита движењата и сигналите што му ги испраќа жената.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...